Региони

МАНАСТИР СВЕТИ НИКОЛА ВО ПРИЛЕПСКОТО СЕЛО СЛЕПЧЕ (ПРВ ДЕЛ)

Денот по утрото  се познава , вели народот.Денот беше пролетен.Небото кристално чисто, сонцето штотуку беше изгреано над Мукос Планина,  каде што селото Слепче раскошно блескотеше под зраците на Пелагониското сонце. Мештаните од селото Слепче заедно со црковниот одбор ги привршуваа подготвителните работи за заслогот  посветен на Свети Ѓорѓија,чии патрон е и на селската црква.

Речиси неполни триесетина години ја крстарам македонија. Во овие изминатаи три децении речиси нема населено место низ кое не сум поминал или не сум напривил  документарен видео запис. .Неколку пати сум ја посетил долненска општина. Сум бил речиси во две четвртини од вкупно триесетината колку што се  , а ми останаа уште печес  селски населби ,помеѓу овие неколку  преостанати населени места во оваа општина  се одлучив ете така да речам повторно да го посетам селото Слепче. Можеби се прашувате зошто се одлучив да дојдам во селово Одлуката падна така да речам речиси триесетина дена , кога бев  по нови документарни записи во општина Долнени  и додека чекав  на железничката станица Прилеп , со пладневниот воз за Скопје,  кој според возниот ред од Прилеп  за Скопје тргнува во  13.35 минути, а речиси шесетина минути бев порано дојден , решив малку да поодморам што се вели и да си ја оладам душава со надалеку познатата прилепска лимонада која сеуште може да се најде во малското гранапче кое се наоѓаше во непосредна близина на прилепскава железничка станица  и додека го чекав меанџијата да ми ја донесе лимонадата, ми заѕвони мојот телефон и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав еден така да речам познат глас кој ми велеше:

–  Почитувани господине Зоране.Не знам дали се сеќавате на мене. Јас сум Добрица , од Манговци, од Ѓорета, од Рилево  кога се сретнавме во прилепскион пазар, за прочка– ми рече.

– Се сеќавам, мошне добро се сеќавам , како не се сеќавам- и одговорив.

-Од името на месната заедница и од црковниот и манастирски одбор  од селото Слепче ве покануваме да ни дојдете на гости на нашата црковна слава посветена на Свети Ѓорѓија, која секоја година ја празнуваме, оти тогаш сето село ќе биде збрано да направиш едно убаво слико, онака како што ти умееш да ја насликаш.Ве очекуваме да ни го потврдите вашето доаѓање- ми рече.

Не пооди долго време , поточно речено десетина дена пред Ѓурѓовден го зедов телфонот, го пронајдов телефонскиот број Добрица од Манговци, заѕвонив.Не пооде долго  време, воспоставив телефонска врска со бројот кој го  бирав.

-Добар ден, Добрица од Манговци- Рилевката ми треба, новинарот Зоран ја бара-проговорив преку апаратот

-Добарден, овдека Добрица од Манговци  Рилевката, Зоране ти ли си!-го слушнав незиниот глас гласот, од другата страна на телефонската линија.

-Јас сум! –  му одговрив.

.-Како си ми Зоране?- ме праша.

-Добар сум, -и реков.

-Ќе ме израдуваш, или !!-зачудено ме праша.

.-Кажи им на твоите соселани дека за Свети Ѓорѓија ќе дојдам во  Слепче!- и порачав.

-.Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега. И да си знаеш ние   два дена гости чкаме и заслог правиме, а утредента и литургија си имаме и црковен ручек си даваме за здравје. Многу народ ќе има- со радост одговри Добрица од Манговци  Рилевката.

Речено сторено, што се вели, ден пред Ѓурѓовден народски кажано за прилепското село Слепче тргнав во утртинските саати народски кажано  , со новиот воз кој многумина го нарекуваат “Кинезот Це Тунг” , по поранешниот кинески државник Мао Це Тунг.кој од железничката станица во Скопје , во правец на Прилеп според возниот ред секој ден поаѓа во шест часот и педесет и три минути. Уживав додека патував. Речиси не забележав кога така брзо  за  неполни два часа возот помина низ Таорската Клисура, движеќи се паралелно со реката Вардар, навлегуваќи во живописниот предел на Азот, низ колоритната убавина која со векови ја создаваат долината на река Бабуна и планинските горостаси Мокра Планина  со Солунска Глава, Мочур и Бабуна, застануваќи за кратко во многувековното село Богомила, накачуваќи се под падините на Орешка Чука , неуморно пробиваќи се низ така да речам дваесет промилска стрмна железничка делница од дваесетина  километри, се до Богомилскиот тунел, поминуваќи ја неговата  четири километарска должина за неполни две минути, попатно застануваќи на железничката  станица, точно според возниот ред во железничката станица Слепче пристигна во девет часот каде што ме пречека еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози, географи  и историчари, а воедно дел од менаџерскиот тим на продукцијата Мариово Филм професорот Драгослав Миноски и заедно со него за кратко време пристигнавме во селот Слепче, каде што не пречека Добрица од Манговци  Рилевката.  Заедно со неколкуте мештани кои ги завршуваа пред празничнаите подготовки за Ѓурѓовден во  црковниот двор чии патрон го  носи името црквата, Свети Ѓорѓија.

-Добредојде Зоране долго те чекаме да дојдеш и во  ова наше село , а воедно и во ова  македонско православно светилиште и за него да направиш една документарна репортажа.

–Ние  тебе добро те познаваме Зоране, од телевизијана, саде ми те гледаме, со радост ги гледаме репортжине за нашиве села, многу убаво редум ги редиш историографскине податоци, иако  не сме  историчари не задоволува фактот што сите податоци што ги  кажуваш во репортажине  се веродостојни, туку да те замолиме ако може, пред да ти ги дораскажиме многуте приказни за сторијатов на нашево село  да ни го пуштиш на телевизорон сликото што за нашево село Слепче да го видиме, оти долго време помина , а и многумина од кои се на тоа слико одамна си се прибрааа горе кај бога, па да се потсетиме на нив, бива  – ме замолија.

-Бива како не бива- им одговорив.

Почитувани мои предлагам како вовед во  новиов документарен запис за селото Слепче и црковната слава посветена на селската црква Свети Ѓорѓија да го проследите документарниот видео запис за селото Слепче што го направив речиси пред десетина години.

Денот по утрото  се познава , вели народот.Денот беше пролетен.Небото кристално чисто, сонцето штотуку беше изгреано над Мукос Планина,  каде што селото Слепче раскошно блескотеше под зраците на Пелагониското сонце. Мештаните од селото Слепче заедно со црковниот одбор ги привршуваа подготвителните работи за заслогот  посветен на Свети Ѓорѓија,чии патрон е и на селската црква.Почитувани мои пред да го проследите вечерното црковно празнување предлагам да ви ги пренесам многуте приказни што ми ги  раскажаа мештаните од ова село, кои останаа не до раскажани кога пред десетина години го посетив ова село, а воедно да го  видите сегашниот изглед на ова прилепско село во продолжение на оваа репортажа.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во прилепското село Слепче селото, на црковната слава посветена на  Свети Ѓорѓија , ова две илјадо дваесет и третово господово лето , кој се празнува со векови   во ова село.

Приквечерните  сончеви зраци милуваќи  ја  Мукос Планина пред се црквата Свети Ѓорѓија ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на Свети Ѓорѓија  ,а ширум северниот дел на Прилепското Поле како бисер гердан се зареди народ во правец на селото Слепче.  Црковниот двор набрзо се наполни со народ.

Почитувани мои видео записот од пригодната вечерната празнична прослава, од заслогот, вечерната богослужена литургија, од благословената вечерна трпеза,  утринската богослужена литургија што ја организираа црковниот одбор, пред се годинашниве домаќини  кои во  чест на Свети Ѓорѓија ја подготвија богослужената трпеза  ова две илјадо дваесет и третово  господово лето , кој се, ќе ви  пренесам во  наредната документарна репортажа.

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print