Региони

Питропот Целе Блажески од славно дебрцкото село Белчишта

На заминувае Целе Блажески ми рече дека  откако сето тоа ќе го завршам, откако сето она што треба да заврши, значи богослужбата, откако ќе си замини дојдениот народ,  и ќе прошуркам низ црквата да видам дали е се во ред, пред да си заминам си запалувам свеќа и на гробот на мојата баба Љуба, со која убав животец си пројдовме, арно ама ете господ бог пред десетина години си ја зеде кај него,  раскажуваше Целе Блажески.

Поминаа речеиси пет-шест години кога речиси пред две три години наминав во  славно дебрцкото село белчишта ем да направам документарен запис за селото белчишта, а богами иза познатиот гајдаџија  и тапанџија од ова село Целе и на заминување со Целета се   договоривме повторно да наминам во ова село овој пат да ми ја раскаже приказната за питропите од ова село, за службата нивна , а богами и за неговата денешна питропска служба , да ми раскаже вурес и вукарс за службата која ја има питропот било за свадби, било за венчавки, крштевки, а богами и за парастоси во  соборбата црква во селото белчишта пред да дојде да службува парихискиот свештеник, за време на службата и по завршување на службата на парохискиот свештеник, да не остане покриена од правта на заборавот.

На пат за Белчишта кинисав  ден пред празникот посветен на  Света Петка Римјанка, од скопската автобуска станицасо првиот автобус кој според возниот ред секое утро поаѓаше во пет часот и триесетина минути и по речиси неполни два часа и триесетина минути, поминуваќи по автопатската делница Скопје-тетово-Гостивар-стража-Кичево- Дебрца, кај автобуската постојка Ботун   го замолив возачот малку да застане да завлече. Шоферот кој го  возеше ”реизот”ме послуша, завлече, застана, слегов. ”Реизот ”,замина  за Охрид. По краткиот престој на местото  каде што ме остави”реизот”, тргнав пешки по алсвалтираното кривулесто Белчишко    џаде  кое ме донесе  до белчишкото средсело, каде што ме пречека  Целе Блажески, меѓу белчиштани, а богами и во цела Дебрца   попознат по прекарот Целе гајдаџијата, а богами и по прекарот питропот од Белчишта.

-Навистина се радувам што те гледам Зоране. Полна ми е душава што останавме достојни на зборот, што си  го дадовме и на зборот, кога беше овдека во белчиштево мое- Туку зоране, ако сакаш да тркнеме до кајмене дома , да си го  земем клучот од врквана наша, да ми ти ја отворам и сетне се ќе ти раскажам ем за питропската служба, ама и з амојава. Се редум ќе ми ти кажам, саде малку д аме потпршауваш ако сакаш како оној пат кога си муабетевме за гајдата, за мојата баба Љуба, за тапанот.- Бива, што бива-ме праша.-Е како не бивало, чико Целе, секако дека бива.

Набрзо пристигнавме во  дворот на селскиот соборен храм Светиникола, а Целе Блажески си ја започна питропската приказна.

Јас Зоране ете долги години сум питроп во  нашава црква Свети Никола. Си служам за здравје Зоране, како за мене така и за мојава фамилија. Зоране навидум питропскава служба некој ќе рече дека е лесна работа, ама не е така. Секој не може да биде питроп. Пред с еза да с ебиде питроп треба да те избере народот, по божја промисла. Питропот мора да му служи пред се верно на бога, на црквата, па на верниот народ, најсетне за себе и за својата фамилија.Питопот пред  се потрбно есвојата световна работа да ја прилагоди на божјата, оти наредбата од бога најсетне треба јас како верник да ја почитувам. Питропот мора да си ја знае обврската и редовно да ја почитува. Мојата питропска работа нема определено време. Како питроп му служам на бога и дење и ноќе.

Јас зоране знаеш рано си легнувам, а ма и рано си станувам, пред изгрејсонце. Откако на чешмана че си ги оплакнам очите го земем црквениот клуч и си  кинисувам прво в црква, Најсетне си с епрекрствувам пред портите на црковниот двор, сетне си се прекрстувам пред влезната врата на црквата пред иконата на Свети Никола, затропувам три пати пред вратата, ја отклучувам. Откако ќе ја отворам портата ги запалубвам кандилцата најсетне на Свети Никола, после на Света Богородица, па на господа и на крајот на Свети Јован крстител. Сетне си палам свеќи најсетне за здравје како за мене така и з амојата фамилија.

На заминувае Целе Блажески ми рече дека  откако сето тоа ќе го завршам, откако сето она што треба да заврши, значи богослужбата, откако ќе си замини дојдениот народ,  и ќе прошуркам низ црквата да видам дали е се во ред, пред да си заминам си запалувам свеќа и на гробот на мојата баба Љуба, со која убав животец си пројдовме, арно ама ете господ бог пред десетина години си ја зеде кај него,  раскажуваше Целе Блажески.

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print