Региони

село Врбјани

ад селото Врбјани  од западната страна се издига пространа планинска падина, израсната со дабова и букова шума. Над нејзината горна граница се простира голина, која воедно е и планинска испаша. Од источна страна се простира ниско земјиште погодно за обработка. На планинскиот дел од атарот се наоѓат виканите места  Црвено млаче Годијов дол, Манастирец, Јагњештица, Локви, Секулица, Папрадница, Мирослајца, Јасика, Смрдешница, Божинарамен, Предалиште, Галвје, Св.Петар, Жежница, Луда вода, Дупчиња, Петрчане, Крст, Цер, Патница, Царев кладенец и други викани места.

Моето патешествие низ Република Македонија ете ме донесе и во етнографско- , историската област распослана во Западна Македонија, северно од Охридската Котлина и југозападниот дел на Кичевијата, поточно речено југозападно од областа Копачија, која преставува јасно обликувана природна целина, опколена од сите страни со високи планини на запад со планинските горостаси Стогово и Караорман, кои ја одделуваат од областите Струшка Малесија, Дримкол и Дебарска Жупа, на исток со планините Славеј Планина, Илинска и Плакенска , која ја одделуваат од областа Железник, односно Демир Хисар, додека пак на север е отворена кон Кичевската котлина и областа Копачка, а на југ е отворена кон Охридско-Струшката Котлина, Славна Дебрца, , во селото Белчишта, едно од десетината села , распослано  во висорамничарскиот дел на Горна Дебрца, на источните падини на планината Стогово, оддалечено 26  километри јужно од  од Кичево и 39 километри северно од Охрид и Струга.

Овој пат решив да прошетам и низ ова населено место  за  да ги надополнам моите досегашни сознанија за културно-историските знаменитости во оваа  село, за чија населба  усните  преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние. Каде и да појдете во атарот на оваа село   ќе најдете историја и само историја. Секоја педа земја, секое парче камен, секоја капка вода навистина е историја за оваа многувековна населба. Затоа говорат  остатоците од античките, ранохристијанските,  средновековните градби како и многу тврдини, бедеми, утврдувања и други мошне стари градби. Ова село  од памтивека е наследник на сакрални градби од сите историски епохи на целиот свој атар од сите типолошки варијанти .

Почитувани мои наминав и во ова  село мештаните да ми го раскажат минатото на  нивниот роден крај,  а преку нивните лични сеќавања различни по време и простор и вам драги мои  ќе се обидам да ви пренесам   дел од непорекливата  драгоцена слика за селото Врбјани низ времето, надополнета со веродостојни сведоштва и историски аргументи за ова село, кои се состојат од , митови, легенди усни преданија, материјални артефакти и пишани документи. со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од оваа област , особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот.

Во селото и овој пат дојдов рано , но ,  не со моето возило, стариот руски џип со “камазот” кој овој пат го оставив малку што  се вели некој ден и тој да одмори, да се среди малку , да се подготви за новите патешествија кои го чекаат, туку  со автобус .По речиси три и кусур саати , народски кажано ,  возење по  магистралниот пат Скопје-Тетово –Гостивар-Кичево во правец на Охрид, веднаш под планинскиот превој Пресека слегов на постојката пред  Сливови Анови, од каде што до Врјани тргнав пешки по три километарското асвалтирано врбјанско џаде , за да се насладам од колоритната убавина  што му ја дарила природата на овој крај и по   триесетина минути стасав в село, каде што десетината новоизградени куќи,  срамежливо ѕиркаа меѓу повеќе децениските остарени  селски куќи распослани како во  орловско гнездо, кои раскошно блескотеа под утринските зраци на дебрцкото сонце, кои , како да сакаа да ме потсетат дека во Врбјани не е замрена селската идила.

Додека размислував кое патче или сокаче да го фатам, за миг мојата мисла ја отргна старата зграда на  селскииот  дом на културата,изграден со ангарија пред педесетина и кусур години  ,кој  има двојно значење, и културно и  историско.

Додека со поглед го разгледував секое камче вметнато во старата зграда, кое го отсликува историскиот континуитет на едно време минатао од поблиската историја на селаните од ова село и така да речам додека од мене извираа моите досегашни историогравски сознанија како за Славна Дебрца, така и за селото Врбјани , како извор, вода која клокоти и силно избива длабоко од земјината утроба, копајќи низ архивите не само во македонскиве , туку и во балканскиве простори изминативе неколку децении, мојот поглед народски да се изразам го насочив кон    професорот Драгослав Миноски, еден од најпознатите не само во  македонскиве , туку и балканскиве простори во современава наша насушна денешница , антрополог, географ и историчар, а воедно и дел од менаџерскиот ти, на продукцијата Мариово Филм кој беше дојден во селото Врбјани по нова истражувачка  географско-антрополошка и историогрфска мисисија, чиј поголем дел од ова досегашно заедничко  географско-антрополошко и историографско  истражување за Славна Дебрца и за селото Врбјани ќе ви  ги  пренесеме во  оваа репортажа.

Селото Врбјани е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на моево село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние се дознава дека во оваа регија така да речам урбаното живеење било добро организирано.

Минатото  и сегашноста на Врбјани  е премногу за да може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на вишнешкиот  живот.За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Селото Врбјани   илјадници   години  зрачи на целиот негов простор, како дел на животниот простор на Бригите, Пелагонците, Пајонците, Линкестидите, Енгеланите Дасаретите, Орестите, Еордаите, Елимеите, Ботиајците, Пиеријците Алмопите, Мигдонците, Крестонците Бисалтите, Еордејците, Едонисите, сите познати во хомеровата “Илијада”, сите сродни по јазик македонски и култура  македонска.

Селото Врбјани илјадници години зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, ,  како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј  владетел со  Македонија, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на византиските цареви царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1336 до 1355 година, каде што  се  споменува во Душановата повелба од 1342-1345 година за манастирот Св. Богородица-Перивлепта во Охрид, Кралот Димитрија Волкашин,кој со македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Опстојувањерто на селото Врбјани  е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1436  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководеле Амед Балабан- бег и Сари Мула бег, во пописниот дефтер од 1446 година, направен  10-тина години после востанието на Ѓорѓија Кастриот, каде што според овој попис  селото административно припаѓало на Охридскиот санџак и имало статус на дервенџиско село, за да во  16 век административно припаднало кон Дебарската Каза. Во периодот на пописот во селото имало 40 домаќинства, селото плаќало данок од 3026 акчиња односно една третина од целокупниот данок од Горна Дебрца.

Исто така селото Врбјани е забележано и во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Демо-ага, во чии вакуфи живееле педесет  домаќинстава сите рисјани. Селото  е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565, во отоманскиот дефтер од 1570,  а во пописниот дефтер од 1582 година е забележано дека селото броело 54 домаќинства, а припаѓало на охридскиот санџак, нахија дебрца. . Во втората половина на седумнаесеттиот век селото  му припаѓало на Тимарот Адем –паша., чиј негови неколку чифлици  ги раководеле Дозан-ага, Кара Мустафа-бег, Абдул-ага, Сејди- бег, Јолдаш -бег, Назиз Ахмед- бег.

Според отоманскиот попоис од 1873 година селото броело шеесет   рисјански домаќинства, селото броело 172 жители. Пред крајот на турското владеење сопственици на чифлиците во селото Врбјани  биле Хаџи Шукри-бег,Адиљ-бег и Исмаил Казас–ага  , Аџи Абдула-бег и Аџи Рауф-бег. Во XIX век, Сливов било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Кон крајот на отоманското владеење во селото Врбјани постоеле четири чифлизи чии чифлиг сајбии биле Малик бег, Сали ага, Рифат ефенди, а името на четвртиот чифлиг сајбија името не му е познатао, каде што свои живеалишта имале изградено покрај постојните селани и чифчиите кои работеле на чифлизите на претходно спомнатите бегови.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 век па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ .

Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година,  селото имало 480 жители, , додека пак според историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото  броело 640 жители.

Дека  селото Врбјани     на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски: Oхридска -струшка област  издадена во Белград 1990 година , за селото го забележал следното: Селото Врбјани се наоѓа на надморска висина од 919 метри, на источната страна на планината Стогово. Тоа е прво село во Горна Дебрца под превојот Пресека, на три километри западно од регионалниот пат Пресека-Ботун-Охрид.. Соседни села на селото Врбјани се Иванчишта, Попоец,и Ехлоец од север, Годивје од југ, Сливово од исток и Селци и Елевци од запад.

Врбјани има најголем атар во Горна Дебрца. Во атарот на селото  постоеле селата  Манастирец, Жежница, Нивишта и Петрчани. Првото село се распостилало во планинската долина на реката Голема Река. Селото  Жежница се наоѓало на североисточната страна веднаш над ридот Предалишта., додека пак селата Нивишта и   Петрчани се наоѓале на три километри северо-источно од денешното село Врбјани. Секото Петрчани броело 40 домаќинства.

Д-р Јован Трифуновски  во неговите антрополошко-историографски проучувања за селото Врбјани  го забележал следното: Врбјани постои пред доаѓањето на Турците во 1371 година. Во некогашното село село Нивишта постои црквата „Св. Петар и Павле“, која постои и денес. Црквата „Св. Ѓорѓи“ во село Врбјани, според преданијата на старите жители Ристо Сиљанов, Спиро Ставрев, Крсте Ќемалоски, Стојан Донески била градена од 1322 до 1340 година. Црквата Свети Ѓорѓија требала да биде осветена во 1345 година од Охридскиот архиепископ Николај Први. Поради тоа што охридскиот Архиепископ Николај добил покана  да оди во Скопје  да го круниса царот Душан  да му ја стави круната на глава на царот Душан како поглавар на најстарата архиепископија, иако постоела и Пеќката, таа  останала не осветена 265 години.  Црквата Свети Ѓорѓи е осветена во 1605 година.

Во 1863 година во околината на селото Петрчани отоманските власти формираат нова селска населба,од неколку черкески семејни родови. Заради пљачкашкиот и силеџиски нарв не само врз христијаните туку и врз турското население во цела Дебрца, ототманскиот падишах во 1890 година,  машките членови од черкеските семејни родови ги уништува, додека жените и децата ги раселува низ отоманската империја.

Д-р Јован Трифуновски пишаниот  документ Oхридска -струшка област  за селото Врбјани го забележал следното:  селото е со куќи од збиен тип. Постојат две маала Горно и Долно маало, и четири под маала кои своите имиња ги  добиле според семејните родови на  Ќемаловци, Ангелевци, Патниковци,  и Радевци. Селото со вода за пиење се снабдува од Петрчсанскиот извор. Низ селото течат две реки, Голема река и Бигришка Река. Во Врбјани се наоѓа извориштето на река Стеска кое  го сочинуваат Стојанскиот извор, Жежовиот извор, изворот  Манастирец, Петрчанскиот извор и Царевиот кладенец.

Над селото Врбјани  од западната страна се издига пространа планинска падина, израсната со дабова и букова шума. Над нејзината горна граница се простира голина, која воедно е и планинска испаша. Од источна страна се простира ниско земјиште погодно за обработка. На планинскиот дел од атарот се наоѓат виканите места  Црвено млаче Годијов дол, Манастирец, Јагњештица, Локви, Секулица, Папрадница, Мирослајца, Јасика, Смрдешница, Божинарамен, Предалиште, Галвје, Св.Петар, Жежница, Луда вода, Дупчиња, Петрчане, Крст, Цер, Патница, Царев кладенец и други викани места.

Јован Трифуновски   во својот научен труд Oхридска -струшка област за семејните лози во Врбјани  го  забележал следното: Старински семејни родови во селото се Патниковци, Анѓелевци, Ќемаловци,  Радевци, Поповци, Вретовци, Савевци Муратовци, Мушевци Шамалевци и Пејовци Сите наведени родови водат потекло  од раселените села Петрчани, Жежница и Манастирец, додека пак семејниот род на Локовци во врбјани се доселил од селото Локов,  во  1820 година, а семејниот род  Дошлаковци во  Врбјани се доселил во 1850 година од селото Сливово.

Јован трифуновски во својот научен труд Oхридска -струшка област за семејните лози во  Врбјани  го  ги пренесува и историографските записи за семејните лози во Врбјани  од страна на Бранислав Русиќ .Според Бранислав Русиќ старински семејни лози се Анѓелевци, Шамалевци, Поповци,  Митревци, од кои потекнува  семејниот род на Куловци, Божиновци, Гавриловци, Радевци,  Јанкуловци, Калајџиовци, од кои потекнува семејниот род на Јоновци и Ропаковци, Мушевци, Муратовци  Ќемаловци, Вретовци, Пејовци, Савевци, Матевци и Андревци, додека пак за семејниот род на Патниковци Бранислав Русиќ забележал дека овој род води потекло поранешното село Манастирец, апокрај тоа што се смета дека прв се населил во денешново село Врбјани и е најголем род чии негови 25 куќи се наоѓаат во сите маала и под маала во  селото.

Втората половина на осумнаесетиот век  за Врбјани  е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, кој бил уништен од отоманскиот падишах поради тоа што не само што фрескоживописот, иконостасот и иконите биле издупени со метални клинови и брутови и запалена, го изгореле сето село.  Меѓу првите знаци на обнова на селото е црквата Свети Ѓорѓи, која во 1903 година повторна е изгорена, а реобновена во  1916 година, иконостасот го изработиле  браќата Ѓоре и Доне од мијачкото село Гари, а Никодин Канџо, во 1917 година во Киев  ги изработил  двата црковни бајраци, едниот посветен на Богородица, а другиот  на Свети Никон Чудотворец и црквата Свети Петар и Павле , која е запалена во  1903 година, а реобновена во 1938 година од страна на Ристо Серафилов Матевиќ ,повторно реобновена во 1972 година, која од 2008 година прераснува во  манастир, а а реосветена  на 21 Јули 2012 година.

Врбјани   уште од памтивека имало учени луѓе.Според пишаните документи  првото училиште почнало со работа во 1844 година  ,  во црвата Свети Петар и Павле , учители биле протоерејите   Мате, Ристе Ристови и јерејот   Сиљан роден во  1869 година, а починал во  1955 година.Првата училишна зграда е изграда во 1860 година. Натавата се до 1900 година  се одвивала  на црковно македонски книжевен јазик , а од 1900  па се до  1905 година на егзархо-бугарси, а од 1905 година  па се до  почтокот на Балканските војни на грко- патријашиски, а од 1913 година па се до  !941 година на српски јазик, а учители биле Душан Ѓуровиќ од Вирпазар, Црна Гора, Душан Ѓуровиќ, Душан Милосавлевиќ од Књажевац, Србија, Нада Ставриќ од Охрид,  Добросав Ангелковиќ и неговата сопруга од струшкото село Лабуништа, а од 19141 година,  па се до  1944  година повторно на егзархо-бугарски. Во 1944 година во  селскиот дом на културата  се отвора основно училите до осмо одделение со училишен нтернат за учениците од селатаГодивје, лактиње, Арбино, Сливово, Мраморец, Турје и кичевското село Иванчишта.

Во подалечното минато  мештаните од селото врбјани   учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење, како што е востанието на Ѓорѓија Кастриот. Исто така во во периодот под Османлиско ропство селото се појавуваат одредени индивидуални форми на отпор,.Ваквите настани влијаеле да се разбуди и разгори националната свест кај населението која со години била потискана во оваа регија. Мештаните од селото Врбјани учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија.,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид.

Во селото Врбјани  се родени македонските револуционери Софронија Цоле Гаврилов Карафилоски роден  1865година, Соработник со Дејан Војвода од Лактиње, кој дејствувал во Кичевско, Дебарско, Охридско и Струшко и Учествувал во арбиновската битка, како и во нападот на мудурницата во Издеглавје, Спиро Гаврилов главен комита во врбјанската чета, Лазар Трајчев Божинов,Темелко блажев, Ѓоре Иванов Блажев,  Блаже Иванов Блажев, Ѓурчин Матев Алексов,  Крсте Иванов Наумов, Спасе Трајанов Наумов, Никола Крстанов Наумов, Трене крстанов Наумов,   Максим Тренев Наумов, Давинче Крстанов Николов, Макре Павлев Николов,   Стојан Донев Стојанов,    Стојан Ѓурчинов Стојков,  Стеван Димов Петрев,     Дејан Ивев Ристев, Данаил Јовчев Ристев, и Арсе Петров Ристев.

Во времето на Балканските и Првата Светска Војна состојбата воопшто не се променила, напротив врбјани  како и безброј други Македонци ги оставале животите на туѓите боишта бранејќи туѓи интереси.Појавата на социјалните движења во Европа и светот во периодот пред Втората Светска Војна ги натерал жителите на овој простор без размислување да се вклучат во новите прогресивни движења надевајќи се на подобар живот.

Селото Врбјани  за време на втората светска војна е дел од НОБ. Учесници  во НОБ од  селото Врбјани  се Аспарух Гаврилоски, Ванчо Митрески,Драган Митески, Змејко Змејкоски, Иван Божиноски, Јонче Серафимоски, Киро Алексоски, Мирче Калаџиески, Симјан Серафилоски, Стојан Стамески, Стојко Темелкоски и Темелко Танаскоски.

Во 1944 година во Врбјани е формиран народно ослободителен одбор, во кое дејствува месното население.Од 1945 година до 1950 година  е дел  од  општински народно ослободителен одбор со седиште во  Сливово.Во периодот 1950-1952 селото влегува во рамките на Општина Годивје, каде што покрај Врбјани, припаѓале селата Годивје и Лактиње. Во периодот 1952-1955 селото повторно е во рамките на Општина Сливово, во која општина освен Врбјани, влегувале и селата Сливово, Мраморец, Турје, Арбиново, Годивје, и Лактиње. Во периодот од 1953 до 1994  година селото е во рамките на големата Општина Охрид, а од 1994 до 2004 година е дел од Општина  Белчишта, од 2004 година е во состав на Општина Дебрца.

Врбјани преку прироред пат постепено растело до 1948 година кога имало околу 150 домаќинства и околу 1000 жители,  во 1953 година во селото живееле 879 жители, во 1961 година 649 жители, во 1971 година 371 жител, во 1981 година  229 жители,  во 1991 година 129 жители, во 1994 година 166 жители, 2002 година 58 жители,  а според пописот од 2021 година Врбјани брои триесет и двајца селани.

Младината на ова село покрај културно забавниот живот и другите спортски активности најголемо внимание му посветувало на фудбалот. Првата фудбалска средба врбјанци ја одиграле против екипата на Лазарополе во 1937 година, а во  1939 година  одиграле натпревар и против тимот на Мешеишта. Во периодот од 1945 до 1995 фудбалскиот клуб од Врбјани учествувал во регионалната лига.Во 1953 година Костадин Јоноски од Белград ја донел првата фудбалска топка.

И покрај плодното поле мештаните од Врбјани печалбарската традиција речиси никогаш не прекинала.Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба  во тогашните балкански престотлнини. По првата светска војна голем број на врбјани заминуваат на печалба во  САД, Аргентина и Австаралија. По завршувањето на Втората светска војна  од Врбјани во  Војводина, во селата Глогоњ и Јабука трајно се населуваат дел од неколку семејни лози. По затворањето на стоговските рудници за железо и укинувањето на возот Скопје – Охрид кој поминувал близу селото, започнува голема миграција, така што во  Охрид се иселиле 40 домаќинства, во Струга 10 домаќинства, во Скопје 40 домаќинства, , во Битола 10 домаќинства,  во Австаралија домаќинства.

Кога секој добронамерник ќе дојде во Врбјани и кога ќе прошета низ селските сокачиња и патчиња , ќе се одушеви од старата традиционална македонска чаршиска архитектура која  се карактеризира  со приземје изѕидано  од камен каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито  и кат, изграден од камен и плитар,, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички и спреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, а негде годе ќе наиде  и на новоизградена семејна куќа , кои говорат дака селото  Врбјани не е заборавено село во Република Македонија.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам селото Сливово  ова две илјадо дваесет и третово  господово лето и за него  да направам документарна репортажа. Си заминувам од селото Врбјани, затоа што ме чекаат и другите славно дебрцки села и за нив да направам дкументарен запис, со едно ветување дека повторно ќе наминам во  ова село , само господ на сите нам здравје да ни дава.

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print