Региони

село Горно Село

Селото Горно Село    е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на моево село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние

Горно Село-прилепско

Поминаа  речиси две-три години  години, кога така да речам за прв пат го посетив раечкиот регион, во  чии атар припаѓа и  селото Никодин кога  на сам ден на празникот Рождество на Пресвета Богородица, по покана на никдинецот Блаже Здравески, меѓу никодинци попознат по прекарот Буѓата,  направив докуменарен запис  и за ова село., кога  пред  два-три месци  ова две илјдо дваесет и третово господово лето  речиси во  раните утрински саати  ми зазвони мојот телефонски апарат. и кога од другата страна на телефонскиот апарат го слушнав и препознав гласот на Блажета Здравески-Буѓата- кој ми велеше:

–  Почитувани господине Зоране.Не знам дали се сеќавате на мене. Јас сум Блажета Здравески-Буѓата  од село Никодин  ,кога пред две три години заедно ја снимавме репортажата за моето родно село Никодин-ме запраша?

– Се сеќавам, мошне добро се сеќавам , како не се сеќавам- му одговорив.

-Од името на месната заедница од прилепското село Горно Село  ве покануваме да ни дојдете на гости, ако можете за време н аилинденскиве празници ова две илјадо дваесет и третово лето  за селото  Горно Село да направиш едно убаво слико,сето село ќе биде збрано  онака како што ти умееш да го  насликаш.Ве очекуваме да ни го потврдите вашето доаѓање- ми рече.

Не пооди долго време, поточно речено на сам ден Петровден  ова две илјадо дваесет и третово господово лето, го зедов телфонот, го пронајдов телефонскиот број од Блажета Здравески-Буѓата заѕвонив.Не пооде долго  време, воспоставив телефонска врска со бројот кој го  бирав.

-Добар ден, Блаже Здравески-Буѓата од  Никодин село ми треба, новинарот Зоран го бара-проговорив преку апаратот

-Добарден, овдека Блаже Здравески-Буѓата  од село Никодин Зоране ти ли си!-го слушнав гласот на Блажета, од другата страна на телефонската линија.

-Јас сум! –  му одговрив.

.-Како си ми Зоране?- ме праша.

-Добар сум, -му реков.

-Ќе ме израдуваш, или !!-зачудено ме праша.

.-Кажи им на твоите соселани од селото Горно Село ќе дојдам в село !- му порачав.

-.Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега.-со радост  одговри Блаже Здравески-Буѓата

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македониј, од Скопје за прилепското село Горно Село  тргнав  во раните утрински саати, во зорите  во  мугрите, на третиот ден на  Илиден, овој пат со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот” кој  речиси дваесет и кусур години ми е верен сопатник, за да стасам на време во Горно Село  и по речиси два саати народно кажано удобна вожња, по дел од автопатската делница Скопје-Велес-Градско и регионалната магистрала Градско-Росоман-Дреновска и-Фаришка Клисура- Плетвар-Прилеп, по дел од дваесет километарската регионална делница Прилеп-Мажучиште-Големо Мраморани,-Забрчани-Горно Село, на самото изгрејсонце, , распослано   на северните падини на Злато Планина, меѓу врвовите на Негре,од исток,  Злато врв, со манастирот Трескавец од југ и Сурун на запад, пристигнав во  селото Горно Село, каде што ме пречека м Блаже Здравески- Буѓата заедно преостанатите печес селани

Откако се симнав од  камазот  и така да речам додека се обидував да видам кај сум, што сум, го  слушнав гласот на    Блажета Здравески,.,кој ми довикуваше:

-Ој, Зоране!- ој Гале! дојди понаваму!дојди поодблизу да те видам.

-Идам, идам-му довикнав!

-Добре дојде-ми рече

-Добро те најдов-му одговорив.

-Навистина се радувам што те гледам Зоране. Полна ми е душава што останавме достојни на зборот, што си  го дадовме и на зборот што им го  дадовме на Горноселци. – ми рече.

-Зоране, ете сите ние, сето село тебе,ти  стоиме на на располагање, за се што ви треба, а ти лебами не само што добро ги познаваш сторискиве збиднувања  од овие краишта, туку и со свето знаење мошне добро го познаваш и историското духовно битисување на овие краишта  гледајќи го по телевизориве наши – ми велеа.

Почитувани мои, пред да кинисаме низ селото , моите домаќини ме  замолија најсетне јас  да им ги раскажам моите    досегашни историографски сознанија за нивното село, копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви, , а сетне тие да ми ги  раскажат многуте приказни за нивното родно село што ним им ги  пренесувале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа.Нивниот предлог со задоволство го  прифатив.

Селото Горно Село    е девствен природен рај. Тоа е оаза на цивилизацијата, оаза на културното наследство на Македонија. Богатите културно-историски, архитектонски, археолошки и етнолошки вредности на моево село  му даваат посебност, единственост, репрезентативност и автентичност. Усните преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние . Дека во ова село  така да речам урбаното живеење било добро организирано говорат мноштвата археолошки локалитети  меѓу кои: некрополата од античко времелокалитетот Три Ореј, наоѓалиштата  од непознат тип и период Преслап и Чашка, населбите од доцноантичко време Абрамси и Бревчина,  населбите од раноантичко време Орлов Камен и Бучалиште, доцно античкото утврдување Грамаѓе, некрополата од римско време Асаница, некрополата од елинско време Сурун, како и многубројните аристократски гробници од македонски тип длабени во карпа, на локалитетот „Тумба.

Минатото  и сегашноста на Горно Село е премногу за да може да се види со еден поглед, со еден опфат на окото, во едн миг.Тоа се безброј пластови на дух и материја напластени едни на други  со нераскинливи нишки кои го градат долгиот континуитет на вишнешкиот  живот.За да се дознае дел од вистината потребно е да се побараат остатоците на творештвото од различните периоди кои се кријат во селскиот атар испреплетени зад превезот на времето.

Селото Горно село    илјадници   години  зрачи на целиот негов простор како дел од културниот простор на древна Македонија, како дел од  македонската кралска династија  на Аргадите, , како дел на, Римската империја, како дел Источното римско царство, чиј  владетел со  Македонија, како дел од Византија  и основач на Јустинијана Прима, чија наследничка е Охридската Архиепискпија е императорот Јустинијан Прима, како дел Светиклиментовата книжевна школа, како дел на мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од 969 до 1018 година за време на владеењето на синовите на македонскиот комитопула Никола, македонските комитопули Арон , Давид , Мојсеј и Самоил, посебно за време на владеењето на македонскиот владетел  Цар Самоил и  на македонските владетели Иван Владислав и Гаврило  Радомир од 979 до 1018 година , како дел од владавината на византискиот император Василиј Втори од и1018 до 1025 година, како дел  во црковните записи на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини Стефан Урош II Милутин во неговиот христовули од 1330 година и 1331 година  посветен на манастирот Трескавец,  царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1346 до 1355 година, каде што  се  споменува во Душановата повелба од 1350-1351 година за манастирот Трескавец, кралот Димитрија Волкашин,кој со Македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Опстојувањерто на селото Горно Село     е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1436  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии имот раководеле монасите од манастирот Трескавец, во пописниот дефтер од 1446 година, каде што според овој попис  селото  е метох на манастирот Трескавец,а  припаѓало на Битолската Каза. Исто така селото Горно Село  е забележано и во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде

Што и натаму е метох на манастирот Трескавец. Селото  е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565, во отоманскиот дефтер од 1570, во пописниот дефтери од 1582 година во отоманскиот дегтер од 1583 година, 1599 година, 1652 година и 1657 година, каде што селото и настаму е метох на манастирот Трескавец, а припаѓа на битолската каза.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ .

Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година,  селото имало 74 жители,  додека пак според историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото  броело 40 жители. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година  Горно Село броело 10 домаќинства и 42 жители .

Дека  селото Горно Село     на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  д-р Јован Трифуновски: Селските населби во  битолско-прилепско поле издадена во Белград 1992 година , го забележал следново:- во деветнаесеттиот век земјата на горно селци  им припаѓала на чифлиг сајбиите: Шабан ефенди-Пустиник, Расим ефенди, Ферат бег и Риза бег.  Во селото свои беговски кули имале  Шабан ефенди, Риза бег и Дилавер ага. На ччифличките имоти работеле ии имоти работеле чифчии како од селото така и од околните села.

Јован Трифуновски во пишаниот документ  Селските населби во  битолско-прилепско поле   за  семејните лози го забележал следното Горно Село е чисто македонско православно село, во селото има еден и староседелски семеен род, од кој произлегуваат седум семејни фамилии,  семејниот род на Белчевци, додека другите семејни родови се доселенички.Кркачовци  доселени се во првата половина на деветнаесеттиот век од селото Мажучиште, Зајковци и Кавешовци  доселени се од охридско,  кои најпрвин се доселиле во  селото Кутлешево, а оттаму во  селото Горно Село, Србиновци во селото се доселиле во  деветнаесеттиот век, Гличевци се доселени од селото Мало Мраморани,  Пецевци и Митковци доселени се од Дупјачани, прчковци доселени се од селото Дреновци, Тошовци виоо селото се доселени во  деветнаесеттиот век од Кутлешево, и Ориѓани кои се доселени од охридското село Годивје.

Втората половина на осумнаесетиот век  за Горно Село   е перод на обновување на селото испразнето со пустошењето  на арнаутскиот  башибозук, кој броел околу двесте арамии и силеџии, уништен од отоманскиот падишах. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на црквата Успение на Пресвета Богородица, а воедно и на манастирската црква во манастирот Трескавец, во  чиј атар  е манастирот, која . каде што во тоа време и селската црква и манастирот  биле едни од поголемите монашки и книжевни центри, пред се какоголем  скришториумски центар  од каде што се обезбедувале со богослужбена литература речиси сите околни цркви и манастири.

Селото Горно Село уште од памтивека имало учени луѓе. Според пишаните документи  првото училиште почнало со работа во 1882 година  во селската црква   Успение на Пресвата Богородица на македонски црковен книжевен јазик, а  според пишаните документи учители  биле   селските попови Во учебната 1900/1901 година во Горно Село учителствувал  и даскалот Стеван  а за време на неговото учителствување е формиран  огранок на ТМОРО , прв во оваа регија. Во селото учители биле , Вуксан Тривковиќ,, Милорад Поповиќ,  Никола Крстовиќ, Ацо Стојанов, Милетије Максимовиќ и  други.

Во периодот под Османлиско ропство од страна на  Горно селци се појавуваат одредени индивидуални форми на отпор,.Ваквите настани влијаеле да се разбуди и разгори националната свест кај населението која со години била потискана во оваа регија.Мештаните од селото учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и создавање на самостојна Македонска држава на македонскиот народ, како во пред илинденскиот, илинденскиот и по илинденскиот перид. Во времето на Балканските и Првата Светска Војна состојбата воопшто не се променила, напротив и селаните од ова село како и безброј други Македонци ги оставале животите на туѓите боишта бранејќи туѓи интереси.Појавата на социјалните движења во Европа и светот во периодот пред Втората Светска Војна ги натерало жителите на овој простор без размислување да се вклучат во новите прогресивни движења надевајќи се на подобар живот и  активно се вклучиле во антифашистичкото движење  и се народното востание на Македонскиот народ против фашистичката наезда од 1941 година па се до  1945 година, раководена од Комунистичката партија на Македонија и маршалот на Југославија  Јосип Броз Тито. Во 1944 година во селото се формира првиот месен народно ослободителен одбор.Во периодот од 1945 година до 1950 година селото припаѓа на битолската околија, а од 1950 година па се до  1955 година селото припаѓаво  дупјачанска опоштина, а од 1955 година па с едо  1963 година селото е дел од долненската општина.. а од 1963 година па се до  1996 година во  Прилепската општина. Според пописот од 1948 година во селото горно село живееле 309 жители, во 1953 годинаи 1961 година  селото броело  243 жители, во  1971 година во селото живееле 159 жители, во 1981 година 113 жители, за да според пописот од 2021 година во селото живеат седум мина селани.

 

Оскудното плодно поле, ги приморало горно селци   својата егзистенција  да ја наоѓаат на печалба, чиј традиционален печалбарски начин на живеење од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала. Покрај тоа што многу мештани од селото биле на печалба  во тогашните балкански престотлнини  семејствата многу успешно стопанисувале и со своите иако оскудни имоти обработуваќи ја земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби.

Во селото Горно Село сеуште  ја има старата традиционална македонска чаршиска архитектура која  се карактеризира  со приземје изѕидано  од камен каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито  и кат, изграден од камен и плитар,, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички и спреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, а негде годе ќе наиде  и на така да речам реновирани врз старинската архитектура  семејни куќи , кои говорат дака селото Горно Село не е заборавено село во Република Македонија.

Почитувани мои,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото  Горно Село, на илинден каде што неколкумината преостанати селани од ова село ми раскажаа многу приказни за историското битисување на ова село. Почитувани мои  на мојот престој во прилепското село Горно Село полека му  се ближеше крајот,.Пред заминување преостанатите неколкумина селани од ова село ме замолија уште еднаш да им испратат голем поздрав на сите селани родени или по потекло од ова  село  да не го  заборават своето родно село, татково огниште затоа што поубаво место од родниот крај нема никаде, а тие ќе останат верни на дедовите огништа, затоа што прилепското село горно Село не е и нема да биде заборавено село во република Македонија.

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print