Региони

село Марена

Речиси неполни триесетина години ја крстарам Mакедонија. Во овие изминатаи три децении речиси нема населено место низ кое не сум поминал или не сум напривил  документарен видео запис.Не паметам колку пати сум го поминувал регионалниот патен правец  Кавадарци -Неготино,  секогаш кога поминував низ овој патен правец, секогаш во мојот поглед   ми доаѓаше сообраќајниот знак на кој пишува село Марена.Неодамна кога ја прегледував мојата архива уште колку населени места ми останаа одтиквешката регија  за кои немам досега направено документарен запис забележав дека меѓу останатите е и селото Марена.

Почитувани мои завршуваќи го новиот документарен запис за Стара Нова Година,меѓу народот попозната како  Василица, ова две илјадо дваесет и третово господово лето, така да речам на заминување , како кец на десетка, како што многу пати во разговорниот тиквашеки дијалект велат тиквешени, речиси по триесеттина години  се видовме со   мојот  пријател  на истото место  со кого редовно се среќававме во тоа време во тој период вечичествен мотелско- хотелиерски објект мотел Балкан, препознатлив  по врвната професионална услуга на вработените и мотелско-хотелиерски кулинарски специјалитети од тиквешијата, Звонко Костадиновиќ, меѓу тиквешени  попознат  по прекарот Брус Ли, застануваќи, со телевизиската екипа на тогашната РТС, ем малку да се одмориме, ем да си ја изгасиме  жедта од летните горештини со познатото Јагодинско пиво и познатата струмичка газоза Тика, каде што и овој пат навратив во  мотелот, да се загеам со  топол чај  со румче и додека го чекав народски да кажам меанџијата да ми го  донесе чајчето измешено со румче , спротимене ми пријде Брус Ли  и откако ме праша дали има слободно место да седне и тој , затоа што ресторанчето  беше преполно со гости, седна до мене.

– Ти си бе Зоране!-со возбуден глас ме  праша ?

– Јас сум- му одгпворив

– Брус Ли – ти си бе стар мој пријателе- возбудено го прашав.

-Јас сум, ами кој сум- радосно одовори.

Откако по оној стар обичај си се поздрвивме како за добредојде , а и тој си порача една за него  и уште една за мене грееана тиквешка жолта и додека двајцата си ги чекавме порачаните пијачки  да ни ги донесе меанџијата си се разврзавме со муабетот на долго и на широко.

-Абе Зоране, од каде бе мачна душо  ветрот де донесе наваму, туку  ете добро е што ветрот и мене овде ме донесе во  гранапчево, ете вака и јас во живо да те видам и да си помуабетам со тебе. Туку, арно што се најдовме овде во гранапчево и јас нешто да те запрашам, кога ќе дојдеш и во мојана Марена  да направиш некое кадро и за моево село, да видат сите какво село е моево село Марена -ме праша.

. За мене нема проблем, кога ќе речеш тогаш, муреков.

– Е, дали можеш да дојдеш за За Голема Богородица, патронот на нашево село.

-Нема проблем- му реков.

Почитувани мои, буричкајќи така да речам во многубројните алваџиски тефтери полни со имиња и презимиња и по некој телефонски број, запишани со налив перо , го пронајдов  од времето на биша СФР Југославија, посовремено така да се изразам фиксен телефонски број, на Звонко Костадиновиќ со надеж дека Брус Ли сеуште го има сочувано овој телефонски број.

Не пооди долго време, поточно речено  на сам ден  на духовниот правосчлавен празник Свето Преображение ова две илјадо дваесет и третово господово лето, го зедов телфонот, го завртив телефонскиот број од од така да речам бивша Југославијана Брус Ли, со надеж дека Звонко Костадиновиќ го има сочувано,   заѕвонив. Не пооде долго  време, воспоставив телефонска врска со бројот кој го  бирав.

-Добар ден, Брус Ли од селото Марена ми треба, новинарот Зоран го бара-проговорив преку апаратот

– Овдека Брус Ли  од селото Марена , Зоране ти ли си!-го слушнав неговиот глас  од другата страна на телефонската линија.

-Јас сум! –  му одговрив.

-Ќе ме израдуваш, или !!-зачудено ме праша.

.-Кажи им на твоите соселани дека ќе дојдам во Марена на сам ден на Богоројца Голема!  Горна му порачав.

-.Ќе им кажам, ќе им кажам-Те чекаме, одамна сите те чекаме, сите знаат. Голем мерак ми направи Зоране, мошне голем мерак, ќе им кажам уште сега. И да си знаеш утринска богослужба ќе има во црквата ќе има, иако сето село гости си чека, а и низ сето село ќе ми те прошетам. – со радост одговри  Звонко Костадиновиќ.

Речено сторено. за селото Марена тргнав со возот со оној вечерниот кој од скопската железничка станица  во правец на Битола поаѓа во  дваесет часот и десетина минути, кој според возниот ред во  железничката станица во прилеп пристига околу дваесет и три часот пред полноќ. Можеби  се прашувате зошто сум ја сменил сатнината на поажање. За да стасам на време , не во  Прилеп, туку во  селото Марена. Можеби  се прашувате е, што ќе правам од доцна во ноќта до рано во  зорите во Прилеп. Ќе се обидам да ви одговорам.

Откако така да речем удобно се сместив во вечерниот воз, а воедно и последниот воз за Битола, во правец на Прилеп, во  Прилеп наместо  околу пред полноќ возот со кого патував во железничката станица во Прилеп пристигна во четирите саатот, каде што во чекалницата во зградата во прилепската железничка станица останав додека не зазори, од каде што со со мојот пријател Драгослав Миноски, со  негото возило, во раните утрински саати, уште петли не пропеани, уште  сонце не огреано, само по некое куче подлајуваше , насетуваќи не нас дека влегуваме в село.Во селото покрај уличното светло, единствена светилка така да речам гореше беше светилката во селската црква Упокојување на Пресвета Богородица.Заедно со мојот пријател Драгослав Миноски се упативме кон светилката која гореше , а како се доближувавме до неа , мојот другар Драгослав Миноски радосно ми подвикна, Зоране , не се секирај, оваа е црквата Упокојување на пресвета Богородица,, ете ќе не прими   ние да и бидеме нејзини гости , ете така така господ сакал, како што вели  народот, каде што не пречекаа Звонко Костадиновиќ и селскиот питроп, кои привршувааа со  подготвителни обврски за утринското богослужение, на селскиот поп  во чест на селската слава на селото Марена , во  истоименот соборен храм.

Откако си сторивме  здравоживо и откако си рековме по старински добредојдовте и добро ве најдовме, со Со Брус Ли и селскиот питроп  и откако вурес и вукрс им  раскажавме зошто рано мошне рано дојдовме во  Марена и додека по старински нашите домаќини за добредојде не почестија со   тиквешка жолта црковна ракија  и го пиевме  утринското црковно   кафе, тиквешките утрински  сончеви зраци  кои се пробиваа низ ретките летни  облаци ја  навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на  Успение на Пресвета Богородица , а ширум тиквешијата како бисер гердан се зареди народ во правец на селото Марена.  Црковниот двор набрзо се наполни со народ.

Почитувани мои, моето така да речам рано пристигнување во  селот Марена  се софпадна со моето така да го наречам ново  сценарио, малку поразлично од вообичаените,  за оваа документарна репортажа, најсетне на мештаните  ние да го  го  раскажажиме   минатото на  нивниот роден крај,  преку нашите досегашни  антрополошки  и историографски истражувања копајќи низ архивите ширум балакнскиве простри во изминатиов период  различни по време и простор надополнети со веродостојни сведоштва и историски аргументи за ова село,  многуте приказни  што ќе ми ги раскажат мештаните од селото Марена за нивното село што им ги пренесувале нивните дедовци и баби,  преку нивните лични сеќавања, како дел дел од непорекливата  драгоцена слика за селото Марена,  нашето  присуство на утринското богослужение од страна на селскиот поп, како и на прославата на нивниот патрон и заштитник на селото чие име го носи многувековното македонско христијанско православно духовно светилиште  црквата Успение на Пресвета Богородица кое  празнување се  славеи низ вековите што одамна изминале секое господово лето на 28 Август како  и овадве илјадо дваесет и третово господово лето, со надеж дека меѓу помладите маренци   по раѓање или по потекло , особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот, што ќе ви  ги пренесам во  оваа репортажа.

 

Прв пат селото Марена   во пишаните и материјалните документи и артефакти во вистинска смисла на зборот се спомнува во мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од  првата деценија на десеттиот век и црковните записи кои датираат од Византискиот период, поточно речено  од 1020-та година , за време на владеењето на византискиот император Василиј Втори, во црковната грамота на царот Константин Асен Тих од 1257 година, во грамотата на Византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година со која селото  Марена припаѓа како имот на македонскиот Христијански, Православен, Духовен, Благодатен многувековен  бисер манастирот Свети Ѓорѓи, меѓу народот попознат како Полошкиот манастир, во црковните повелби од 1321 година на Кралот  Стефан Урош II Милутин Немањиќ, а посебно во црковната  повелба  на  царот Стефан Душан од 1331 година, во издадена во вообзновениот Слепченски Манастир, во црковните повелби  на кралот  Стефан Урош Петти Немањиќ  од 1356  година,  во црковните повелби  и од македонскиот  властелин  кралот Димитрија Волкашин  од 1365 година  како и воцрковните повелби од македонскиот властелин Кралот Марко  од 1371 година, исто така за македонскиот Христијански, Православен, Духовен, Благодатен многувековен  бисер манастирот Свети Ѓорѓи, меѓу народот попознат како Полошкиот манастир.

 

Опстојувањерто на Марена   е забележано и Отоманскиот пописен тапи Дефтер  број 8 од  1440  година, за времето на владеењето на отоманскиот султан Бајазит Втори, каде што селото припаѓало на румелискиот беглербегус, со чии атар раководеле Амед Балабан- бег и Сари Мула бег во пописниот дефтер број 508 од 1447 година, во пописниот дефтер од 1560 година, во пописниот Дефтер од 1562  година  каде што дел од атарот припаѓал кое  на вакуфот на  Саит Паша,  а преостанатиот дел од атарот на вакуфот на  Устреф –ага и  на вакуфот на Исмаил-бег. Селото Сопот е забележано и во отпманските пописни дефтери од 1565, а во отоманскиот дефтер од 1570  е запишано дека вкупниот данок кое селото го плаќало  изнесувал 1.380 акчиња, каде што исто така селото било задолжено да плаќа данок од пченица 10 мудови, данок од јачмен еден муд, овес  и рж и од улишта 98 акчиња ,а од ушур од овошје 30 акчиња. Селото Сопот  е запишано е и во  пописните отомански дефтери    од 1582 година и во отоманскиот пописен девтер 1610 година.

Во седумнаесеттиот век селото марена  , заедно со  другите кавадаречки села села биле чифчиски села, чии чифлиг сајбии на седумнаесет чифлизи биле Исмаил-бег  и неговиот син Јусуф Муклиз-паша од Серез. Османлиската власт чифлигарскиот систем иако  го озаконила дури во 1858 година, во времето на султанот Абдул Меџит чифлигарскиот систем во Македониј, а и во  селото Марена т  се задржал сè до падот на турската власт на Балканот во 1912 година. Последен чифлиг-сајбија кој што речиси го поседувал целиот имотот во  кавадаречката  регија, околу кои негови чифлици, чифчиите  изградиле свои живеалишта    бил Скендер-бег.

Дека ова село на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 век па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ .

Според податоците на Васил К’нчов  внесени во неговиот научен труд „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во селото Сопот имало 580 жители. од кои 575 Македонци, додека пак според податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев во неговото дело Македонија и незината популација во 1905 година во Сопот живееле  120 жители.

Според податоците на Васил К’нчов внесени во историографскиот запис  „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во селото имало 576 жители, од кои 270 рисјани и 300 мухамеданци.. Според историогафскиот запис на егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговиоата книга Македонија и незината популација од  1905 година селото  имало 288 жители

Во публикацијата “Материјали  за изучување на Македонија “ напишана од македонскиот револуционер Ѓорче Петров  издадена во Софија  во 1896 година каде што во оваа публикација има доста податоци  и за селото Сопот е забележано дека  се наоѓа на стотина  черека   пешки одење од  селото Сопот, и на стотини черека одење пешки од Курија. Од секогаш било средно по големина и богато село. Земјата е плодна , па кога е родна годината, селаните собираат и по стотици товари жито. Луѓето се многу вредни и мирољубиви , како и сите селани во областа.

Дека  селото на овие простори опстојува многу векови говори и пишаниот  документ на еден од најпонатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози и географи  Воислав Радовановиќ истражувани од 1920 година до 1923 годинаи издадени во  Белград во  1930 година во неговото дело Тиквеш и Раец , за селото Марена       го забележал следното: Од најстари времиња тиквешкото село Марена  се наоѓа на денешната локација.

Староседелски рисјански семејни родови во  сопот се : Крушаровци, Чучуковци, Шокаровци, Смилевци и Дуковци.

Староседелски мухамеданци  семејни родови во  сопот се Алковци , Аличковци , Сулејмановци ,Хаџи-Куртишовци,Амчевци,Адемовци, Елмазовци, Курделије,Шулишовци и Османагини

Доселенички рисјански семејни родови во  сопот се: Дубровци  доселени се средината на 19 век од селото Дуброво,  Уланчани  доселени се во средината на 19 век од велешкото село Уланци, Мицовци  доселени се средината на 19 век од прилепското село Радобил, Наунчевци  доселени се средината на 19 век од прилепското село Ракле, Поп-Дафчевци доселени  се средината на 19 век од селото Гарниково, Куричановци доселени се во 1865 година од селото  Рисјанска Курија, Катарловци доселени се во 1870 година од селото Долни Дисан, Кралевци  доселени се во 1870 година од селото Конопиште,  Риџаловци  доселени се околу 1875 година од селото Долни Дисан, Тремничановци  доселени  се во 1975 година од селото Тремник, Паневци доселени се во  1880 година од Неготино,, а таму 1870 година од селото Кукуричани, каде што дел од овој семеен род се доселиле во  селото вардар Чифлик во  средината на 19 век,  Ѓеловци  доселени во 1885 година од Кавадарци, Јосифовци  доселени во 1890 година од Кавадарци, Недевци  доселени во 1894 година од Страгово, Илковци  доселени во 1894 година од селото Глишиќ, Рибаречки  доселени во 1896 година од селото Глишиќ, а таму од селото Рибарци во 1890 година, Митревци  доселени во 1898 година од селото Сопот, Дисанци доселени  во 1907 година од селото Долни Дисан, Ѓорѓевци  доселени се во 1910 година  од селото Глишиќ,  Џаковци, Стојановци  и Василовци  доселени во 1913 година од селото Џидимирци.

Доселенички  мухамеданци  семејни родови во  сопот се: Јунузовци  доселени во 1868 година од селото Ваташа, Зекировци  доселени во 1890 година од селото Ваташа, Галезци  доселени во 1890 година од Кавадарци, Мусафендијини доселени во 1908 година од селото Криволак, Еминовци  доселени во 1908 година од селото Ваташа, Сулејмангатини  доселени во 1912 година од селото Долни Дисан, Адемовци  доселени во 1913 година од Долни Дисан., додека пак по првата  светска војна во Марена на местото на иселените мухамедански семејни родови  се доселуваат  неколку семејни родови  од јужните краишта на Србија.

Втората половина на деветнаесеттиот    век за Марена е период на обновување на селото испразнето со пустошењето и уништувањето на турскиот башибозук во 1878 година  од страна на турските власти.. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако е изградбата на претходно разурнатата  селска црква  Успение на Пресвета Богородица.

Архитектонскиот облик на црквата е трикорабен, создаден од два реда колони кои се меѓусебно врзани со арки. Корабите имаат рамни дрвени таваници, а главниот кораб се надвишува над страничните. На источната страна од црквата е олтарната апсида, а две ниши во олтарниот простор ја вршат функцијата на проскомидија и ѓаконикот. Главниот влез во црквата е од западната страна, а помал влез – спореден е на северната страна. Внатрешноста на црквата е осветлена со по три прозорци на јужната и северната страна.

На западниот дел во црквата е галерија на која има една лента со фреско натпис и годината 1879, најверојатно како година кога црквата била зографисана. Внатрешноста на црквата е исполнета со фрески по ѕидовите. Иконостасот во црквата е исполнет со икони: престолни, празнични и на светите апостоли. Три од престолните икони (Св. Никола, Св. Ѓорги, Богородица со Христос и Св. Јован Претеча)се изработени од зографот Петре од село Тресонче 1870 година.

На северниот и јужниот ѕид во првата зона се насликани светци во цел раст: „Св. Кирил и Методиј“, „Света Петка“, „Сввети Мина“, „Свети Теодор Тирион“, „Свети Атанасиј“ и други. Композицијата „Страшниот суд” е насликана на јужниот ѕид во втората зона над светците во цел раст. Големите празници со композициите „Воскресение Христово“, „Влегување во Ерусалим“ ,Цветници и други се наоѓаат на северниот ѕид во втората зона. Во главниот кораб и тоа во горните делови насликани се симболите на четирите евангелисти. Тука се и претставниците на Богородица, Исус Христос и Бог Саваот.

Композицијата Благовештение е над олтарната конха а во нишата од проскомидијата е композицијата Христос воскресна од гроб. На западниот дел од црквата – галеријата е презентирана композицијата Успение Богородично а лево и десно се пророците: Данаил, Илија, Соломон, Давид, Исаија, Елисиј и Еремија.

Во подалечното минато  мештаните од селото  учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија, како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид.Исто така во  подалечното минато мештаните од Марена  не ја  избегнуваат грчката, бугаро-егзархиската и српската  пропагандистичка машинерија.

Исто така мештаните од селото   не ги избегнуваат воените дејствија како од Првата и Втората Балканска војна , така и од Првата и Втората светска војна каде што за потребите  на боиштата мобилизирано во разните војски било речиси сето население ,  а пак од  мобилизираното машко население кое било испратено на фронтовите поголем дел не се вратило во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината. Селото Марена учествува и во НОБ.Така во  1944 година во селото се формира првиот НОО. ОД 1945 година па се до  1950 година марена е дел од Сопотскиот околиски одбор во чии состав влегуваат селата Сопот, Курија и Марена, а од 1950 фодина до 1952 година е дел од Сопотската општина во чиј состав влегуваат селата Марена, Сопот и Курија.  Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кавадарска градска општина, во која покрај селото Марена се наоѓале градот Кавадарци и селата Ваташа, Глишиќ и Сопот, а од 1955 година  е дел од Општина Кавадарци.

 

Марена е средна по големина село, но со пораст на бројот на населението. Во 1948 година во Марена живееле486 жители, во  1953 година Марена брои 543 жители, во 1961 година броело 690 жители, од кои 622 биле Македонци, 33 Турци, 63 Срби Срби,во 1971 година селото брои  805 жители, во 1981 година 999 жители, во 1994 година 988 жители, во  2002 997 жители, а според нерелевантниот попис на населението во  Република Македонија селото брои 913 жители.

Традиционалниот печалбарски начин на живеење во селото Марена  не се променил, а гурбедџиството од година во година се поголем замав земало. Печалбарската традиција речиси и никогаш не прекинала.На гурбет оделе најмногу во Белград, Софија, Букурешт и Станбол. Во триесеттите години на 20-от век  во овие градови имало многу дуќани од различен вид, чии газди биле мештаните од ова село..

Најголем  дел од миграциите од селото се случиле по Првата светска војна, кога најголем дел од иселениците биле економски мигранти. Во периодот од  1918  година,па се до 1924 година  кога во овој временски период се наметнале одредени квоти за иселеници од Источна Европа, многумина печлбари  од Марена   се одлучиле за враќање во селото, со што довело до забрзан развој на трговијата и занаетчиството, каде што Марена прераснува во мало стопанско средиште на Штипско-прилепскиот друм , кој бил посетен од трговци и занаетчиисо  голем пазар, а пазарен ден бил четврток.

Покрај тоа што многу мештани од селото Марена  имале добри дуќани во тогашните балкански престотлнини , семејствата многу успешно стопанисувале и со своите имоти во селото обработуваќија земјата и одгледуваќи добиток за вршење на земјоделски работии и за домашни потреби.

Почитувани мои, оваа кратка аудио-визуелна документарна разгледница, така да речам не би била комплетна ако не ви  пренесам дел од утринската богослужба која с еодржа во соборниот храм Успение на Пресвета Богородица, во чест на летната селска слава  Голема Богородица, чие празнување во селото Марена се пренесува од генерација на генерација.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Марена  за селската летна слава Богородица Голема, но морав да си заминам од ова село затоа што ме чекаат и другите тиквешки села и занив да направам документарни записи, со едно ветување дека во селото марена повторно ќе дојдам , саде госпд на сите нам саде живот и здравје да ни дава.

 

 

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print