Региони

село Ресава (втор дел)

За кратко време стасавме во селото Ресава, каде што најсетне така да речам не пречека  средселото, но не од оној класичен тип, затоа што речиси нема  нешто  што ќе ве присети на она што некогаш било, затоа што  на старото одамна му замина времето, новото сеуште надоаѓа, а околу него како во орловско гнездо свиени стотината ресавски куќи, кои сеуште ја имат задржано старата традиционална македонска чаршиска архитектура  со куќи чардаклии, со приземје  изѕидано  од камен, и кат, исто така изѕидан  од камен, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички, испреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште

Поминаа речиси петнаесетина години кога во тоа време работев во  тогашната А1Телевизија  Скопје,  во утринската програма „ Раноден“, кога  во две илјадо и десеттото господово лето го посетив кавадаречкото село Ресава  и за него  направив кратка репортажа за ова село.

Ете како што вели народот господ милувал повторно да дојдам во ова населено место, но овој пат  по покана на Коце Ризов, ширум тиквешијата попознат по прекарот Кујо, ден пред Василица   да направам  нов документарен запис за ова село да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа населено место, за чие село  усните  преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија, така и за василичарското празнување, чии адети и обичаи се пренесуваат од колено на колено низ времето што одамна минало, во селото Ресава по пзнати како Џаламари.

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија, за селото Ресава  кинисав ден пред Василица  тргнав рано, мошне рано но овој пат не со моето возило, со стариот руски џип со  “камазот”, туку со возот кој според возниот ред од скопската железничка станица за Гевгелија секое утро тргнува во  шест часот и дваесет и три минути и по речиси два саати народски кажано уддобна вожња околу осум часот и триесет минути се симнав во железничката станица Неготино-Вардар, каде што ме пречекаа моите домаќини,  Коце Ризов и Звонко Костадиновиќ и заедно со нив се упативме во правец на селото Ресава.

За кратко време стасавме во селото Ресава, каде што најсетне така да речам не пречека  средселото, но не од оној класичен тип, затоа што речиси нема  нешто  што ќе ве присети на она што некогаш било, затоа што  на старото одамна му замина времето, новото сеуште надоаѓа, а околу него како во орловско гнездо свиени стотината ресавски куќи, кои сеуште ја имат задржано старата традиционална македонска чаршиска архитектура  со куќи чардаклии, со приземје  изѕидано  од камен, и кат, исто така изѕидан  од камен, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички, испреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали, но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, наредени оклу  поранешните калдрмисани селски патчиња и сокачиња, но ќе се одушеви и од современата архитектонска градба, со новоизградените семејни куќи, кои говорат дека селото Ресава  не е заборавено село во Република Македонија.

Откакао пристигнавме на средселото за кратко време околу  нас  се собраа и други мештани од ова село кои ми велеа:

Зоране, редно е да си дојдеш и ти дома, ајде со нас, како наш те есапиме, како домароден да си  во  селово, секаде ќе те прошетаме,  ама се да снимиш, се да бележиш, да се види, да видат сите кои сме, , што сме, од кај сме и да види цел свет какви  домаќини сме ,како по старо време така и до ден денешен кај нас овде во во нашево село.

На самиот почеток на нашето дружење моите  домаќин  Коце Ризов ми напомна да не ме чуди тоа што во  селово ја нема вообичаената празнична врева, затоа што празнувањето започнува некаде во приквечерината,кога на средселово околу запалениот василичарски огин, се собира сиот народ, каде што  до раните утрински саати се игра и пее, од каде што тргнуваат нашите василичари, кои овде во  нашево село Ресава  ги  нарекуваме Џоломари, тргнуваат и влегуваат во  секоја куќа, каде што секое домаќинство ги  пречекува со греана топла тиквешка ракијаи ги дарува џоломарите    кој со ракија, кој со  вино, кој природно сушени колбаси, мевце сторено во каче и сето тоа трае речиси цел ден.

Почитувани мои, пред да го проследите василичарското празнување во селото кое  започна некаде во приквечерината, на селското средсело, каде што сето село  бише дојдено на дочекот на православната нова година, меѓу народот попозната како Василица предлагам да ве запознаам со моите досегашни сознанија за христијанскиот светец, теолог, и епископ од Кападокија, Мала Азија , Свети Василиј Велики.

Свети Василиј Велики е еден од најголемите светци на христијанството. Роден е во 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и мајка Света Емелија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот. Василиевата баба по татко, Света Макрина била ученичка на Свети Григориј Чудотворец, епископ во Неокесарија

Младоста му поминала во времето на царувањето на царот Константин први. Велики. Свети Василиј најпрвин се школувал кај својот татко, кој бил реторичар во Неокесарија. Тој го продолжил понатамошното школување во Неокесарија Кападокиска, каде школски другари му биле Григориј Назијанин и Јулијан Апостата  Од Кесарија. Свети Василиј заминал за Цариград, каде кратко време учел кај елинскиот ритор Ливаниј, а потоа во 352 година заминал во Атина. Таму ја проучувал филозофијата, дијалектиката, реториката, астрономијата и медицината. За Василиевото образование најдобро сведочи неговата голема ерудиција, која се сретнува во неговите дела, каде големиот познавач на класиката, Фотиј го става во ранг со Платон и Демостен.

Од Атина повторно заминал во Ерусалим каде на триесетгодишна возраст бил покрстен од страна на епископот Максим во реката Јордан и потоа ракоположен за отец во црквата. Според христијанското верување, Свети Василиј го раздадал својот имот на сиромашните,а во 357 година заминал за Александрија, Египет, Палестина, Месопотамија, учеќи го  монаштвото.

Во областа на монаштвото оставил и многу поуки. Зборувал и пишувал за покајанието, пороците и добродетелите, смртта и воскресението на душата, спасението. Во Египет останал кај архимандитит Порфитиј каде се задржал околу една година. Потоа го посетил и Ерусалим. Во 360 година бил поставен како ѓакон, а подоцна и како свештеник.

Во 370 година Свети Василиј станал епископ, по смртта на Евсевиј. Погледите на заштитниците на Никејската вера се свртиле кон Василија. Против неговиот избор за Архиепископ на Кесраија Кападокијска биле аријанските кривоверци, бидејќи се плашеле од неговите храбри проповеди и разобличувања. На оваа должност, според христијанството, Свети Василиј честопати испраќал кон верниците канонски поуки и совети, кои подоцна станале канони за целата црква, изградил многубројни болници, старечки домови. Мирот во црквата Свети Василиј не го доживеал и покрај тоа што нему му се препишуваат најголемите усилби за Вториот вселенски собор во Цариград 381 година, каде се донело одлука против сите ереси и раздори против кој Василиј се борел.Починал на 31 Декември 378 година и свечено бил погребан на 1 Јануари 379 година, ден кога се слави и неговиот помен. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица.

Во црковните богослужби најчесто е нарекуван “пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на кривоверците“. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота.

Почитувани мои, оваа кратка аудио-визуелна документарна разгледница, така да речам не би била комплетна ако не ви  пренесам дел од дочекот на Василица, поточно речено пречекот на новата христијанско-православна година , кој се празнува според јулијанскиот календар.

На старото 2023 господово лето му се ближеше крајот., новото 2024 господово лето надоаѓаше. Приквечерното небо над Ресава  беше ведро, времето релативно топло иако зимско, токму прилагодено за окото на мојата камера да го  долови секој празничен детал, Накај средселото како бисер гердан се зареди врвулица народ во правец на малото урбано плоштадче. Средселото набрзо се наполни со народ. Во приргодно изграденото огниште уште рано изутрината мештаните ја наредија кармата на суво-сурови дабови  суровици.Како по стар адет и обичај највозрасниот селанец со чакмакот ја потпали ситно дробената сувата ржанова слама. Пламените јазици најсетне кротко ги  милуваа поблиските суви дабови на две пресечени една врз друга пирамидално наредени цепеници, а потоа и дебелите дабови трупци. Набрзо пламените јазици и искри  се вивнаа во небесната темнина, осветлуваќи го  средселото, а околу распламтениот огин најсетне се наредија највозрасните селани, пред нив дечињата, а зад нив ергените, штотуку замомените чупиња, а зад нив  што туку армасаните ергени и чупиња, а околу нив соборскиот народ, каде што овогодишниот домаќин исто така според стариот адет и обичај најсетне старците, потоа ергените, штотуку замомените чупиња, што туку армасаните ергени и чупиња, и соборскиот народ, со топла ракија, покануваќи го соборскиот народ да присуствува на испраќањето на стара и дочекот на новата година.

Почитувани мои додека го гледате распламтениот оган и пламените јазици и искри кои високо се издигаа во вечерните небесни височини  предлагам да ве запознаам со моите сознанија за јулијанската нова година, која се прославува во источната православна црква, во која припаѓа и Македонската православна црква- Охридска Архиепископија.

Новото господово лето според јулијанскиот календар започнува вечерта на 13-ти наспроти  14-ти Јануари., кое се совпаѓа со празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики. Ова традиционално датирање на Новата година се нарекува „православна“ затоа што се враќа во времето кога властите во Русија и Источна Европа го користеле јулијанскиот календар, која сè уште е користена од некои јурисдикции на Православната црква. Литургиската година на Православната црква всушност започнува во септември.

Новата година , кај народот попозната како Василица се празнува во периодот на т.н. Некрстени денови, период што трае од Божик до Водици, кога според легендата Исус не бил крстен и ѓаволите се мачеле да го излажат да не се крсти и да не се исполни волјата божја. На Василица според стариот адет и обичај секое семејство сучи мазник, во чији витки се става сребрено париче, а кој ќе го најде паричето ќе го прати среќа во  текот на календарската година. На овој ден, вообичаена е радоста пропратена со  огномет, развиени и често големи оброци и други свечености. Празникот е интересен бидејќи ги спојува световните традиции на донесување Нова Година со обичаите на христијанските православни Божиќни празници, како што е Коледе. Во пеењето на василичарските песни е опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а палењето на огнот ја симболизира светлината Божја во новата година.

Новата година со јулијанскиот календар е сè уште неформално почитувана, и е широко уживана традицијата на прославување меѓу православните народи. Прославувањето на јулијанската година денеска како традиција се сочувала  како во Русија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Словачка, Полска, Црна Гора, Македонија, така и во  Палестина, Ерусалим, Јордан, Ерменија, Белорусија, Узбекистан, Грузија, Азербејџан, Казкстан, Молдавија, Украина, Велс,  германските кантони во Швајцарија, галската заедница во  Шкотска, берберските народи во  северна Африка, од мароко до Либија, каде што според Берберскиот календар, кој речиси се софпаѓа со  Јулијанскиот, во тамилските земји меѓу која и  Тај Понгал, каде според нивниот календар кој исто така се софпаѓа со  Јулијанскиот  на  Василица  сонцето го завршува патувањето кон југ и започнува да се движи кон север, како и меѓу Македонците во Австралија, Сад, Канада, Нов Зеланд, Европските земји.-

Почитувани мои новото 2024 господово лето надоаѓаше. Вечерното небо над ведро беше ведро, времето релативно топло иако зимско, токму прилагодено за окото на мојата камера да го  долови секој празничен детал, Накај средселото од неколкуте селски маала како бисер гердан се зареди врвулица василичари, меѓу сопотци наречени џаламари во правец на средселото, кон  малото урбано плоштадче, обиколуваќи го  приргодно изграденото огниште, каде што  од разгорената карма  на суво-сурови дабови  суровици, пламените јазици и искри  високо се извиваа  во небесната темнина, каде што  насобраниот народги отпоздрави со познатата василичарска песна  пееќи ја василичарската песна Сурова, Сурова година, која песна  почитувани мои ќе се обидам на мој поетски начин да ја изрецитирам.

Сурова, сурова година

голем клас на нива,

голем грозд на лоза,

жолт мамул на леса,

живо и здраво до година,

до година до амина.

 

Почитувани мои новото 2024 господово лето надоаѓаше. Зазореното небо  небо над ресава беше ведро, времето релативно топло иако зимско, токму прилагодено за окото на мојата камера да го  долови секој празничен детал,, на тргнувањето на ресавските  василичари-џоламари, традиционално василичарски маскирани, околу појасот накитени со ѕвонци, клопотарци, пеејќи ја василичарската   Сива, Сива Василица, придружена од василичарот тапанџија, чиј  тежок   ек на тапанот ширум се разлеваше во зазореното Сопотско Поле, која песна почитувани мои ќе се обидам на мој поетски начин да ја изрецитирам.

 

Сива, сива Василица,

каде си се осивила?

тамо долу на бел Дунав!

Што имаше, што не маше?

Ми имаше, златна чаша

златна чаша канатница

ми канеше слава Божа

слава Божа и Божика

Божик ми е на небото

слава му е на земјата!

Ооо! и вгодина

Колку трна, пре трна

толку амбари пченица,

толку капки сланина

толку прасци кочина

колку трошки сирење

толку јагниња, јариња

колку писма, преписма

толку синчиња, ќеркичиња.

Почитувани мои додека ги гледате ресавските  василичарит -џоламари како влегуваќи разиграно во секоја куќа, благословиваќи го семејството, предлагам да  ве запознаам со моите сознанија за василичарите, василичарскиот ритуал, кој во Македонија с епренесува од колено на колено од гернерација на генерација.

Василичарскиот традиционален ритуал во  селоот ресава , а и во  Македонија има митолошко потекло.Учесниците  се нарекуваат василичари.Тоа се маскирани поединции групи од сите возрасти организирани по маала.

Посебно интересна е драмската игра со маски која се среќава на теренот на цела етничка Македонија, но секаде со различни имиња според имињата на учесниците во играта: во охридско-василичари, во битолско-бабари, во скопско-џамалари, во тиквешијата-џаламари, во разлошко-сурваскаре, во костурско и други места во Егејска Македонија ешкари  Иако во повеќе места оваа драмска игра се играла во текот на сите дванаесет Некрстени денови сепак таа најчесто е поврзана со празникот Василица.

Возрасните за овие прослави се подготвуваат од порано. Тие набавуваат прибор за маскирање, предмети за тропање и правење врева, како ѕвонци, клопотарци, тенеќиња, тенџериња, но и музички инструменти: гајди, кавали, тапани и сл. Со овие реквизити се создава голема врева која има цел не само да создаде весела атмосфера туку и да ги заплаши и избрка лошите духови.

Меѓу маскираните  главна улога има невестата и бабата, а некаде и зетот. Невестата, секогаш е машко лице,  облечено во невестинска облека и претставува симбол на плодноста. Особено е карактеристична маската на Глупавиот Август. Обично неговата улога ја прифаќаат млади луѓе, полни со енергија, бидејќи тоа го бара самиот лик. Глупавиот  Август настапува со дозирана агресивност во заштита на бабата  и невестата што го означуваат симболот на плодноста, а со публиката комуницира само со крикови и движења. Оваа маска се јавува од времето на антиката како своевидна пародија на тогашните владетели. Другите членови на василичарите го сочинуваат братството, а членовите на братството се нарекуваат  побратими.

Василичарските песни се пропратени од ритмичкиот тропот на клопотарците , опашани околу појасот на секој василичар и василичарот тапанџија , под чиј ритам на тапанот се игра василичарското оро.

Во василичарските дружини одат луѓе веселници, луѓе што знаат да се шегуваат. Обичаите што притоа ги изведуваат претставуваат вистинска народна драма со точно определени улоги на учесниците, со маскирање и други елементи присутни во фолклорниот театар. Василичарите ги минуваат сите улици застанувајќи на секоја раскрсница каде што играат.

Овие василичарски дружини во секоја куќа, или, ако не ги пуштале да влезат поради тоа што биле многу вулгарни, во дворот ја играле  драмската игра за што добивале подароци месо, грав, компири, зејтин и др, од кои правеле заедничка гозба. Таму пак каде што не ќе ги дарувале правеле некоја штета најчесто кршеле нешто што ќе најделе во дворот на пример плуг, брана, кола и сл. Се внимавало две василичарски дружини да не се сретнат зашто редовно доаѓало до тепачки што траеле се додека некој не загинел за што сведочат топонимите Василичарски гроб, Бабарски гроб што ги има низ цела Македонија.

Важно е да се одбележи дека како ретко кој празник децата одделно од возрасните Новата Година ја пречекуваат со посебни обичаи, игри и песни кои многу се различни од оние што ги изведуваат возрасните, но се блиски до обичаите и песните што се изведуваат на Бадник. И на Василица како и на Бадник групи деца најпрвин околу заедничкиот оган, а потоа одејќи по куќите низ селото или градот, пеат пригодни песни за што добиваат подароци. И овие песни како и коледарските од Бадник немаат развиена мелодија туку се кажуваат со скандирање, со карактеристични извици на почетокот и на крајот, а и во мотивска смисла се блиски. Низ песната се искажуваат многу убави желби и благослови за родна.

Децата, исто така, носат прачки, дренови или сливови, со кои ги удираат луѓето, особено старите и болните лица, обичај што се вика суровење, што значи и тие да се сурови здрави како прачката. Тоа се прави и со домашните животни особено со коњите, воловите и овците поради што домаќинот василичарите ги одведува во шталата

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Сопот за Василица а дел од ова василичарско празнување ќе ви  пренесам во  продолжение на репортажава.

Почитувани мои не ми с енапушташе кавадаречкото село Ресава, не ми се напуштаа василичарите, василичарското празнување, но морав да си заминам затоа ме чекаа и другите кавадаречки села и за нив да направам документарни записи, со  едно ветување дека со господ напред повторно ќе го  посетам селото  Ресава, да ми ги дораскажат преостанатите не дораскажани приказни.

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print