Региони

село Сарандиново (втор дел)

Сарандиново се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, во средишниот дел од територијата на Општина Долнени, непсоредно до патот Прилеп-Македонски Брод. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 610 метри. Неговиот атар зафаќа површина од околу пет квадратни километри. Соседни села се: Ропотово, Жабјани и Пешталево од север, Браилово од североисток, Долнени од југоисток, Лажани одсеверо запад, Дабјани од запад, Бело Поле, Кутлешево и Новоселани од југозапад.

Moeто патешествие низ руралните региони, заборавените села, природните убавини и културно историските знаменитости во Република Македонија , ете ме донесе во долненскиот регион, во неговиот северо-западен дел.. Овој пат решив повторно да  го посетам селото Сарандиново да ги надополнам моите досегашни сознанија за ованаселено место   за чие село  усните  преданија, легендите, митовите материјалните документи, пишаните документи, датираат речиси од кога настанало човештвото, поточно речено од праисторијата, од почетокот на историјата, од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние. Каде и да појдете во атарот на ова населено место  ќе најдете историја и само историја. Секоја педа земја, секое парче камен, секоја капка вода во себе содржи историја  и само историја, а за тоа говорат  остатоците од античките, рано христијанските,  средно вековните градби како и остатаоци од мошне стари градби од сите историски епохи на целата своја територија, заклучно со денешното наше совремние.

Почитувани мои,како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија и овој пат во ова село дојдов рано, мошне рано, во утринските часови, на сам ден на православниот христијански празник  Свети Ѓорѓија, чие име го  носи македонскиот христијански православен духовен празник  црквата во  изградба Свети Ѓорѓија, а воедно и селска слава и патрон заштитник  на селото Сарандиново.

Можеби се прашувате зошто во ова село дојдов рано во зорите, е дараги мои имав две добри причини. Едната , мештаните  да ми го  раскажат  минатото на  нивниот роден крај,  а преку нивните лични сеќавања различни по време и простор и вам драги мои да ви доловам  дел од непорекливата  драгоцена слика за селото Сарандиново  низ времето, надополнета со веродостојни сведоштва и историски аргументи за ова село, со надеж дека меѓу помладите сарандинци  по раѓање или по потекло, особено меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот, а другата е поканата на моите домаќини , мештаните од ова село да присуствувам на прославата на нивниот патрон и заштитник на селото чие име го носи многувековното македонско христијанско православно духовно светилиште селската црква во изградба Свети Ѓорѓија “кое  празнување селото го  слави како  летна селска слава низ вековите што одамна изминале секое господово лето на на шести мај, кај народот попознат како Ѓурѓовден, како и овој денешен господов ден на Свети Ѓорѓија- зимен ова две илјади и дваесет и второ господово  лето.

Но,пред да ја  видите приказната за празнувањето  на нивниот патрон и заштитник на селото чие име го носи  македонско христијанско православно духовно светилиште во изградба селската црква “Свети Ѓорѓија“ “ чија изградба е започната пред неколку години  ќе се обидам да ви пренесам дел од од моите сознанија за ова населено место кои се состојат од , митови, легенди усни преданија, материјални артефакти и пишани документи, во продолжение на оваа репортажа.

Сарандиново се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, во средишниот дел од територијата на Општина Долнени, непсоредно до патот Прилеп-Македонски Брод. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 610 метри. Неговиот атар зафаќа површина од околу пет квадратни километри. Соседни села се: Ропотово, Жабјани и Пешталево од север, Браилово од североисток, Долнени од југоисток, Лажани одсеверо запад, Дабјани од запад, Бело Поле, Кутлешево и Новоселани од југозапад. Од Прилеп е оддалечено 18 километри..

Прв пат селото сарандиново  како во усните преданија така и во пишаните и материјалните документи и артефакти во вистинска смисла на зборот се спомнува во мноштвата црковни повелби и житија  кои датираат од  првата деценија на десеттиот век и црковните записи кои датираат од Византискиот период, поточно речено  од 1020-та година , за време на владеењето на византискиот император Василиј Втори, во црковната грамота на царот Константин Асен Тих од 1257 година,  а посебно во црковните повелби  на царот Стефан Душан од 1331 година, царот Стефан Урош Петти Немањиќ  од 1356  година,  во црковните повелби  и од македонскиот  властелин  кралот Димитрија Волкашин  од 1365 година  како и во црковните повелби од македонскиот властелин Кралот Марко  од 1371 година, за Зрзескиот  манастир под името Бурилово, кое се наоѓало во  дел од атарот на денешното село Пешталево, чие раселување од ова се ло се случило на почетокот од XIX век кога во Сарандиново дошле предците на најстарите родови – Дашковци и Младеновци.

Првите пишани податоци за селото Сарандиново се содржат во пописниот отомански Дефтер број 4 од 1467/1468  година, каде што во овој Дефтер  селото се споменува како Борилово , е регистрирано како ненаселена мезра. Сарандиново, под името Бурилово  е запишан и во пописниот Дефтер од  1554/1555  година, како агларско село  каде што,  само семејните родови  на Дашковци и Младеновци имале свои куќи и своја земја.Во   1568/69 тука живееле 10 македонски христијански семејства и 7 неженети.

Дека селото Сарандиново   на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 века па се до првата половна на 20 век , меѓу кои монографијата:“Историја на Охридската Архиепископија- Патријаршија 1394-1767  од Иван Снегаров, пишаниот докумет под име “ Стара Србија и Maкедонија  “  од Спиридон Гончев , “Toпографско-етногравски преглед на Македонија “ oд Стефан Верковиќ, како и во делото делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година Сарандиново било село со 22 домаќинства и 85 жители Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов  во неговото дело „Македонија, Етнографија и статистика“ од 1900 година, во Сарандиново имало 120 жители Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев во делото Македонија и нејзината популација во 1905 година Сарандиново било село со 128 жители Македонци.

Според обемниот истражувачки и научен  труд на професор доктор  Јован Трифуновски , еден од најпознатите не само Македонски туку и во светски рамки антрополози и географи , “Антрополошки и географски истражувања на Битолско-Прилепска Котлина “ издадена во  1998 година во  Белград  во делот  за селото Сарандиново запишал:  ова полско село се распостила помеѓу  атарите на селата  Ропотово, Жабјани и Пешталево од север, Браилово од североисток, Долнени од југоисток, Лажани од северо запад, Дабјани од запад, Бело Поле, Кутлешево и Новоселани од југозапад.

Селото Сарандиново е од збиен тип. Не е поделено на мааала.Селото со вода за пиење се снабдува од неколкуте  селски бунари. Според старите преданија ова село од памтивека живеело население  христијанска православна вера. Во сарандиново  никогаш немало доселени мухамеданци. Кон крајот на 17  и првата половина на 18 век во Сарандиново живееле десет    рисјански семејства , додека пак во 1850 година 20 рисјански  семејства , додека пак во првата деценија на дваесеттиот век  Сарандиново   брои  сто и дваесет жители.

Остатоци од старото село Бурилово  денеска се наоѓаат  во месноста Тумба покрај патот за Браилово и во месноста  Падарчица, која се наоѓа  јужно од селото. Мештаните на овие места за време на обрабоување на земјиштето најдувале камења од ѕидови и ќерамиди. Постарите жители на селото раскажуваа дека некогаш нивните дедовци живееле во село, кое се викало Бурилово, Кога се испустило Бурилово, дедовците се населиле во  денешново Сарандиново.

Пред крајот на отоманското владеење во селото Сарандиново постоеле три чифлици, два прилепски и еден дебарски. Првиот прилепски чифлиг му припаѓал на  Рушит ага,  вториот прилепски чифлиг му припаѓал на Гиго Маламан, кој бил рисјанин , а третиот дебарскиот му припаѓал на семејниот род на Ќуљафковци. Во тој период, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. По Првата балканска војна, тогашните власти  три четвртини од  чифлиг-сајбиската земја    им ја поделила на селаните, додека пак една четвртина од ччифлиг-сајбиската земја ја купиле мештаните од селото Долнени.

Месности во селскиот атар на сарандиново се: Мера, Мала Рада, Дрварски Пат, Пречни Пат, Јаширица, Орлоица, Дупка и Караорман. Останатите делови од селскиот атар се: Врба, Шест Круши, Завој, Ќортаница, Црна Нива, Горни Ливади, Тумба, Смрека, Криви Слогови, Корија, Голема Нива, Трлиште, Падарчица, Гробишта, Близначиња, Болиоч, Кинатица, Само Дабче и Талеј Дабје.

Родови во селото се: Дашковци и Младеновци доселени се на почетокот од XIX век од раселеното село Бурилово.За семејниот род Дашковци се знае следното родословие:основач на родот е Велко, кој дошол од раселеното село Бурилово, а негови потомци се Васил, Стојан и Кочо. Семејниот род на Симоновци доселен е во 1908 година од иселеното село Големо Мраморани, додека пак семејните  родови  на Гиновци и Микајлевци  доселени се од поречкото село Лупште , првиот семеен род во  1936 година, а вториот семеен род во  1954 година. Нешковци доселени се во 1936 година, пред тоа живееле во Бело Поле и Житоше. Стојчевци доселени се во 1936 година од селото Поречка Сушица.  Настевци доселени се во 1936 година од селото Зркле, Ефремовци доселени се во 1936 година од селото Рамне ,  Сиљановци доселени се во 1936 година од селото Горни манастирец,  Павлевци доселени се во 1936 година од селото Могилец.  Семејни родови кои се иселиле од селото Сарандиново се: Јакофовци  иселени се во селото Бело Поле. Мартиновци  иселени се во селото Локвени. Од селскиот род Дашковци има иселеници во Прилеп, а три семејства се иселени во  Софија и пет семејства во  Белград.

Селото сарандиново во  1905 година брои 120 жители, во  1905 година 128 жители, во  1948 година 148 жители, во  1953 година 191 житеел, во 1961 година 219 жители, во 19171 година 165 жители, во 1981 година 125 жители, во  1991 година, 106 жители, во 1994 година 99 жители,  во 2002 година 98 жители.

Кон крајот на XIX и почетокот на ХХ век во времето на револуционерните и народно-ослободителни борби водолненеската регија   била многу засилена како егзархиската, така и српската црковно-просветна и вооружена пропаганда при што  атарот на селото Сарандиново бил демаркациона линија на егзархиско0стпската пропаганда.

Во подалечното минато сарандинци   учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и за самостојна Македонија,како во пред илинденскиот , илинденскиот и по илинденскиот перид.

Исто така сарандинци  не ја избегнуваат воените дејствија како од Првата и втората Балканска војна, така и од Првата светска војна, каде  што за потребите  на боиштата мобилизирани во разните војски било речиси сето население ,  а пак од мобилизираното машко население ке било испратено на фронтовите поголем дел не се вратиле во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината.Сарандинци  учествуваат и во и во  Народно ослободителната борба.

Денот по утрото  се познава , вели народот. Небото кристално чисто, сонцето штотуку беше изгреано над плодното Прилепско Поле, каде што селото Сарандиново  раскошно блескотеше под зраците на Пелагониското сонце. Како што пред дваесетина   години, на сам ден на стара нова година така и ова утро ме пречека сега веќе деведесет годишниот  Петре Анѓелески, но овој пат во вакавското место  Свети Ѓорѓија, каде сарандинци се спремаа да го  празнуваат нивниот патрон , заштитникот на селото Сарандиново , во  нивната селска црква во изградба посветена на Свети Ѓорѓија.

Почитувани мои е колку ми се радуваше душата што и јас бев дел од ова сенародно празнување, чиј црковен двор набрзо се исполни од насобраниот народ.Почитувани мои како мештаните од ова село го проазнуваа  нивниот патрон и заштитник на селото чие име го носи  македонско христијанско православно духовно светилиште во изградба селската црква “Свети Ѓорѓија“ “ чија изградба е започната пред неколку години  ќе ви пренесам во наредната репортажа .

 

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print