Региони

село Црничани

Длабоко во полите на Селечка Планина, под „закрила“ на возвишението Тврди Град, на 27 километри источно од Битола , чмае едно од големиот број заборавени  македонски села, некогаш со убави камени куќи полни со луѓе, денес одвај живо, сепак жилаво, селото Црничани.. Киптат времињата во него, „мириса“ длабоката историја од длабоко закоренетите дрвја, високите треви, карпите и камењата, големите камени куќи и замандалените, но разнишани порти по авлиите. Селото Црничани,е мошне старо село

Да се биде хроничар за населените места во Битолскиот дел на Пелагонија, посебно  за населените места во источниот дел на Битолското Поле , во југосисточниот  планински предел, кој припаѓа  на општина Могила, меѓу кои и селото Црничани  е тешка и одговорна задача, затоа што  сите збиднувања кои се случиле низ вековите хроничарот треба да ги преточи  во  едно недопишано слово, налик на некој ненадминат познавач на целокупниот живот,  мајстор на секој детал, секој опис, кој умее,  на негов  својствен начин, да ги долови оние, навидум, ситници што не ги забележуваме, а се насекаде околу нас  и се дел од нас,  успеваќи тоа     да го постигне на тој начин ,пишуваќи  за работи што му се блиски, што ги носи како дел од себе, затоа што сите тие односи, ликови, судбини, повторно и интензивно и емотивно ги доживува, затоа што, таквиот однос кон ликовите и настаните што ги опишува тој летописец, успева да му ги доближи до обичниот човек, затоа што  обичниот човек   не е пасивен набљудувач, туку активен учесник во тие настани.

Иако со години  крстарам низ оввој дел на Битолското Поле  , така да речам никако не му доаѓаше редот на селото Црничани и за него да направам аудио-визуелен  документарен запис, да ги надополнам моите досегашни сознанија за етно-културните и историските знаменитости за оваа  село, за чие село  усните  преданија, легендите, митовите, материјалните артефакти , пишаните документи, датираат речиси од античко време, старо македонско време, римскиот период, визнтискиот, отоманскиот и денешното наше совремние, кои се дел од парчево земја кое со милениуми се нарекува Македонија , а народот кој со векови живее овде Македонски и е дел од севкупната историја на Македонија. Една стара народна поговорка вели  не кога сакаме ние , туку кога господ ќе го каже тоа.

И на вистина  така и бидна. Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија, за селото Црничани, кинисав на самиот ден  на христијанскиот празник посветен на  светицата Света Евросимија, а правславната екумена го чествува секое господово лето на 11 Семтември,  во раните утрински саати од скопската автобуска станица со   првиот автобус, кој според возниот ред Од Скопје во правец за  Прилеп секое утро поаѓа во три часот и по така да речам два ипол часа удобно возење, оклу пет часот пристигнав во прилепската  автобуска станица, каде што ме пречека мојот пријател  Димче Ковилоски и заедно со неговото возило пред изгрејсонце пристигнавме во  селото Црничани,поточно речено во  дворот на соборскиот храм  Рождество  на пресвета Богородица  каде што печес мината некогашни жители,  ги привршуваше празничните подготовки, поточно речено за утринската богослужена литургија  посветена на Света Евросимија.

Почитувани мои, печес мината некогашни селани кои беа дојдени во чест на празникот  посветена на Света Евросимија ме замолија откако ќе заврши утринското богослужение  и богослуженаиот ручек во чест на светицата Света Еросимија , ме замолија ако може да прошетаме низ селото, најсетне јас да им ги раскажам моите    досегашни историографски сознанија за нивното село, копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви, , а сетне тие да ми ги  раскажат многуте приказни за нивното родно село што ним им ги  пренесувале нивните дедовци и баби, кои ќе бидат дел од оваа репортажа.Нивниот предлог со задоволство го  прифатив.

Почитувани мои пред да го проследите докумрнтарниот видео запис за утринската богослужена литургија и  и богослуженаиот ручек во чест на светицата Света Еросимија,предлагам  да ви  пренесам  моите досегашни историографски сознанија за селото Црничани, копачќи низ македонскиве и балканскиве архиви и многуте приказни што ми ги раскажаа неколкумината некогашни селани од ова село за историското битисување на нивното родното место  што ним им ги  раскажале  нивните дедовци и баби,  во продолжение на оваа репортажа.

Длабоко во полите на Селечка Планина, под „закрила“ на возвишението Тврди Град, на 27 километри источно од Битола , чмае едно од големиот број заборавени  македонски села, некогаш со убави камени куќи полни со луѓе, денес одвај живо, сепак жилаво, селото Црничани.. Киптат времињата во него, „мириса“ длабоката историја од длабоко закоренетите дрвја, високите треви, карпите и камењата, големите камени куќи и замандалените, но разнишани порти по авлиите. Селото Црничани,е мошне старо село, а за тоа говорат достапните историографски податоци говорат за најмалку  непрекинат шест вековен живот во него. Тоа се гледа од разновидните траги по градбите и во просторот на кој е расположено, во разновидните споменици со старо потекло, во преданијата кои ги пренесуваат жителите на селото како и во археолошки наоди кои и денеска ги им во  самото село меѓу кои  ранохристијанската базилика во дворот на црквата Света Петка, населбата од средниот векмесноста Клепач, осамениот наод од римско време во месноста Крсто, населбата и некрополата во месноста Рупка,  и населбата од доцноантичко време Тврди Град и многубројните  остатоци од керамички садови и слични предмети  расфрлани ширум атарот на селото Црничани.

Дека во ова село  така да речам урбаното живеење било добро организирано говорат мноштвата црковни записи на византиските императори  Михаил IX Палеолог  и Андроник II Палеолог од 1299 година, како дел од  Македонската средновековна држава предводена од македонските владестелини Стефан Урош II Милутин во неговиот христовули од 1330 година и 1331 година  посветен на манастирот Свети Никола во мариовското село Манастирец,  царот Стефан Урош Четврти  Душан Немањиќ, кој со Македонија владеел од 1346 до 1355 година, каде што  се  споменува во Душановата повелба од 1350-1351 година за манастирот Свети Никола во мариовското село Манастирец, кралот Димитрија Волкашин,кој со Македонија владеел од 1365 па се до  1371 година Кралот Марко,кој владеел со Македонија од 1371 до 1395 година   како дел Отоманската империја и како дел на Република Македонија.

Во пишаните Отомански дефтери  Црничани прв пат  се споменува во Отоманскиот пописен Дефтер од 1467/68  година, како дел на Битолскиот  вилает под името Црничане,   во кое живееле петнаесет семејства,  сите рисјани. Исто така селото се споменува  во  пописниот  отомански дефтер од 1650 година, под името Црничани и во  пописниот отомански дефтер од 1750 година.  При крајот на отоманското владение селото било чифлик-сајбиско село, а чифлик-сајбии биле: Ибиш бег, Љаме ага  и   Ибраим бег.

Дека селото Црничани      на овие простори опстојува многу векови говорат и пишаните документи на многу учени луѓе од периодот на првата половина на 18 век па се до првата половна на 20 век . Во историографскиот запиз за селото Црничани во  книгата  „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“  е запишано се вели дека во 1873 година селото броело 25 домаќинстава. Според податоците на Васил К’нчов внесени во  неговата книга „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 година, во Црничани живееле 256 жители. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев во неговата книга „Македонија и незините популациски движења“ во 1905 година во Црничани имало 144 жители.

Јован Трифуновски во неговиот историографски запис  „ Селските населби во   Битолско-прилепската Котлина, за селото Црничани го забележал следното:  Црничани е мало македонско село, вовлечено во долината на Црничка Река. Селото има збиен тип и е поделено на две маала: Чивлак и Село. Според кажување на мештаните, во месноста Тврди Град постоел град, како што им пренесувале старите. Бидејќи месноста се обработувала, биле пронаоѓани грнчарски производи. Се верува дека селото било формирано  во втората половина на XVIII век. Основач на селото бил поп Петре. Најпрвин со синовите го основал селото во месноста Петреа Леска, а подоцна го поместиле селото на месноста Селски Кладенец. Дури подоцна преминале на денешната местоположба. На двете месноста се сретнуваат старини. Во XIX век, Црничани било селово прилепската каза.Околни села се: Путурус, Мојно и Арматуш.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Габерски Дол, Петреа Леска, Тврди Град, Грамада, Присој, Плоча, Козјак, Рупка, Црвениците, Преслоп, Душманица, Трските, Три Кладенци, Ветрушка, Коњарник, Клепач, Ресуља, Браненица и Рудник.

Јован Трифуновски  во пишаниот документ „ Селските населби во   Битолско-прилепската Котлина, за селото Црничани во делот за семејните родови го забележал следното. Долно Оризари  е македонско православно село. Старите семејни родови се доселенички. Најстари семејни доселенички родови  се: Поповци, кои се доселени од Охридско, димчевци се доселиле од селото Арматуш и Цоцевци кои во селото се доселиле од воденско, додека пак на семејните семејни родови  Зенговци, Ѓуровци, Паламидовци, Мајсторовци, Млазникашовци,  Ќосевци, Ајдеровци, Капларци, Кожевци,Трајановци, Илиевци и Вељановци неим се знае потеклото. Дел од семејните родови се имаат иселено во  неколку населби во  Битолскота регија.

Втората половина на деветнаесеттиот   век за селото Црничани е период на обновување на селото, после ликвидацијата од страна на битолскиот мудур на башибозукот  предводен од Чаја бег од селото Арматуш. Меѓу првите знаци на обнова на селото  секако се изградбата на Црквата Рождество на Пресвета Богородица. Црквата Рождество на пресвета Богородица Богородица е сместена во крајниот јужен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна местоположба во однос на остатокот од селото.

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска на која се прикажани Богородица Марија и Исус Христос. Објектот е изграден е од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига во продолжение на помошниот објект. Нејзиниот влез се напѓа на јужната страна, а на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Камбанаријата и помошниот објект, слично како и црквата, се изградени од камен.

Селото Црничани уште од памтивека имало учени луѓе. Според пишаните документи  првото училиште почнало со работа во 1882 година  во црквата  Рождество на Пресвета Богородица на македонски црковен книжевен јазик, а  според пишаните документидаскали биле поповите од семејниот род Поповци. Во селото учители биле и Милосим Војневиќ, Вуксан Вемиќ, Милорад Плазиниќ,  Никола Захариевиќ, Крсто Мутановиќ, , Аца Стојановиќ, Милетије Максимовиќ и  други.

Во периодот под Османлиско ропство од страна на Црничанци  се појавуваат одредени индивидуални форми на отпор,.Ваквите настани влијаеле да се разбуди и разгори националната свест кај населението која со години била потискана во оваа регија.Мештаните од селото учествуваат  во борбата за ослободување на Македонскиот народ од Отоманското владеење и создавање на самостојна Македонска држава на македонскиот народ, како во пред илинденскиот, илинденскиот и по илинденскиот перид. Во времето на Балканските и Првата Светска Војна состојбата воопшто не се променила, напротив црничанци како и безброј други Македонци ги оставале животите на туѓите боишта бранејќи туѓи интереси, каде што за потребите  на боиштата мобилизирани во разните војски речиси сето население,  а пак од мобилизираното машко население ке било испратено на фронтовите поголем дел не се вратиле во своите родни огништа, а на многумина до ден денешен не им се знае гробнината. Појавата на социјалните движења во Европа и светот во периодот пред Втората Светска Војна ги натерало жителите на овој простор без размислување да се вклучат во новите прогресивни движења надевајќи се на подобар живот. Црничанци вклучиле во антифашистичкото движење  и се народното востание на Македонскиот народ против фашистичката наезда од 1941 година па се до  1945 година. Во 1944 година е формиран првиот селски народно ослободителен одбор. Од 1945 година до 1950 година Црничани е дел од Битолската околија.Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Дедебалци, во која влегувале селата Арматуш, Дедебалци, Далбеговци, Горно Агларци и Долно Агларци. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која  се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Ношпал, Путурус, Радобор, и селото Трап. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево. Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во селото Црничани ја   нема   старата традиционална македонска чаршиска архитектура која  се карактеризира  со приземје изѕидано  од камен каде се наоѓале просториите за чување на добитокот и амбарите за жито  и кат, изграден од камен и плитар,, опашан со вертикални и хоризонтални греди и летви, ковани со штички и спреплетени прачки , малтерисани со глинена кал измешана со слама, со задолжителен чардак и огниште, старите дворишта, некои поголеми , некои помали,но сите оградени со дебели  големи ѕидови и со големи и тешки порти, затоа што во ова село , како сведок на она што некогаш било говори  некогашниот селски соборен храм посветен на Рождество на Пресвета Богородица, во кој храм од време на време се собираат потомците на некогашните жители како што е и празнувањето на светицата Света Евросимија, а правславната екумена го чествува секое господово лето на 11 Семтември.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости во селото Црничани празнувањето на светицата Света Евросимија, а правславната екумена го чествува секое господово лето на 11 Семтември и ова дваесет и третово господово лето и  јас да бидам дел од оваа се народна прослава чии адети и обичаи   која со векови се пренесува од колено на колено од генерација  на генерација.. Почитувани мои  дел од оваа духовно празнување прердлагам да проследите во продолжение на оваа репортажа .

.Почитувани ги оставам неколкумината дојдени поранешни мештани од селото Црничани да си породолжат со своето празнување посветено на светицата Света Евросимија, со  едно ветување дека пак ќе наминам во  селкото Црничани, со надеж дека селото црничани нема да биде покриено од правта на заборавот.

 

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print