Региони

Манастир Покров на Пресвета Богородица (втор дел)

Манастирската црква Покров на Пресвета Богородица  е едно корабна градба. Се наоѓа на два -три километри југо-источно од Прилеп и на два-три километри од селото Волко Село,на местото викано Чалма.Почната е со градба во последната деџенија на дваесетиот век, кога е поставен камен темелник на мал параклис, од страна на  ктирот на Манастирот Добрила Мирческа, а браќата Никола и Љубе Спиркоски, како аманет од ктиторот  на 28 Мај 2002 година со осветување на камен темелникот извршена од митрополитот Петар

Поминаа  речиси триесетина години, кога така да речам за прв пат го посетив многу вековниот македонскиот православен христијански храм манастирот Свети Аргангел Михаил, распослан во едно од многуте така да речам орловски гнезда раштркани во прилепската крали маркова средно вековна тврдина, да направам документарен запис за овој манастир, за документарната програма , како млад новинар кога ги правев првите чекори во областа на документаристиката во  тогашната Радио телевизија Скопје, денешната Македонска телевизија.

Долги години народски кажано му се токмев  да направам документарни записи за средновековните цркви и манастири распослани во мариовско-прилепската регија, меѓу кои Чебренскиот манастир, мариовскиот манастир посветен на Свети Николј Мираклиски во селото Манастир, Зрзаскиот манастир, десетината цркви од некогашните седумдесетина  распослани како орловски гнезда во прилепската крали маркова средно вековна тврдина,  „Св. Никола“, „Св. Петар“, „Св. Теодор Тирон“, „Св. Теодор Стратилат“, „Св. Петка“, „Св. Георгија“, „Св. Кузман и Дамјан“, „Св. Варвара“ и „Св. Јован Продром и десетината ново изградени цркви и манастири распослани во  северо-источните падини на Селечка Планина.

Почитувани мои , ете така да речам оваа моја намера ми се оствари неколку дена пред празникот Свети Трифун ова две илјадо дваесет и третотво господово лето , кога  по покана  на манастирскиот одбор  на новоизградениот манастир Покров на Пресвета Богородица, распослан на печес километри југоисточно од градот Прилеп, во  непосредна близина на прилепското село Волко Село, кое ова духовно православно светилиште покрај празнувањето на Свети Трифун, го празнува  денот на осветувањето на камен темелникот на манастирот 28 Мај, праникот Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот попознат како Голема Богоројца, и празникот Покров на Пресвета Богородица, чиј патрон е на манастирот на 14 Октомври,  и за него да направам документарна репортажа.

Како по стар обичај кога патувам низ руралните региони, заборавените села, во Република Македонија, народски кажано за прилепа града тргнав рано, со новиот воз кој многумина го нарекуваат “Кинезот Це Тунг” , по поранешниот кинески државник Мао Це Тунг.кој од железничката станица во Скопје , во правец на Прилеп според возниот ред секој ден поаѓа во шест часот и педесет и три минути. Уживав додека патував. Речиси не забележав кога така брзо  за  неполни два часа возот помина низ Таорската Клисура, движеќи се паралелно со реката Вардар, навлегуваќи во живописниот предел на Азот, низ колоритната убавина која со векови ја создаваат долината на река Бабуна и планинските горостаси Мокра Планина  со Солунска Глава, Мочур и Бабуна, застануваќи за кратко во многувековното село Богомила, накачуваќи се под падините на Орешка Чука , неуморно пробиваќи се низ така да речам дваесет промилска стрмна железничка делница од дваесетина  километри, се до Богомилскиот тунел, поминуваќи ја неговата  четири километарска должина за неполни две минути, попатно застануваќи на железничките станици Гостиражни, Слепче, браилово, Сенокос  и точно според возниот ред во железничката станица Прилеп пристигна во девет часот и триесет и седум минути, каде што ме пречека еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози, географи  и историчари, а воедно дел од менаџерскиот тим на продукцијата Мариово Филм професорот Драгослав Миноски и заедно со него за кратко време пристигнавме во манастирот Покров на пресвета Богородица, каде што не пречекаа ктиторите на ова духовно светилиште Никола и Љубе Спиркоски, заедно со членовите на манастирскиот одбор.

-Добредојде Зоране долго те чекаме да дојдеш и во  ова наше македонско православно светилиште, ние  тебе добро те познаваме Зоране, од телевизијана, саде ми те гледаме, со радост ги гледаме репортжине за нашиве села, многу убаво редум ги редиш историографскине податоци, иако  не сме  историчари не задоволува фактот што сите податоци што ги  кажуваш во репортажине  се веродостојни, ме пофалија Никола и Љубе Спиркоски, заедно со членовите на манастирскиот одбор.

-Добредојде Зоране и во  ова наше македонско православно светилиште и за него да направиш една документарна репортажа.  насетне од заслогот, вечерната литургија, па утринската и свештеничкиот благослов на ручекот кој во чест на мајка Богородица манастирскиот одбор го приредува за Свети Трифун во присуство на многубројниот соборски народ- бива, што велиш ме  прашаа  Никола и Љубе Спиркоски, заедно со членовите на манастирскиот одбор.

-Голема чест ми направивте за довербата што ми ја доверивте, што поголемиот дел од моите досегашни историографски, антрополошки и географски сознанија со кои располагам копајќи низ  архивите ширум балканскиве простори во изминатиов период да им ги пренесам на широкиот телевизиски аудиториум преку продукцијта Мариово Филм со надеж дека меѓу помладите  по раѓање или по потекло од  македонскиве простори, а и по широко, особео меѓу оние поупатени во областите на историјата и антропогеографијата , ќе се изнајдат и љубопитници и ентузијасти , кои за голем број прашања  изнесени, делумно опфатени или недопрени овде, ќе вложат и љубов и труд и знаење за да ги доистражат и изнесат на виделина, спасуваќи ги од неправедната прав на заборавот- на манастирскиот одбор им се заблагодарив.

-Почитувани мои пред да ви пренесам дел од историјатот на новоизградениот манастир манастирот Покров на Пресвета Богородица, кој се наоѓа на два-три километри југо-источно од градот Прилеп , исто толку од прилепското село Волко Село,  од заслогот, вечерната литургија, па утринската и свештеничкиот благослов на ручекот кој во чест на мајка Богородица манастирскиот одбор и здружението на резервни воени обврзници учесници  во вооружените дејствија во 2001 година од Прилеп го приредува за Свети Трифун во присуство на многубројниот соборски народ предлагам да ве запознаам со историографските записи со кои располагам ,копајќи низ  архивите ширум балканскиве простори во изминатиов период.

Нема православно богослужение во кое Пресвета Богородица не се слави и велича како Приснодева Безбројни се Стихирите, песните за Неа, Молитвите упатени кон Неа Секој збор на Црковната свест за Неа е молитва кон Неа, славословие за Неа. Господ Христос и Неговата чудесна Богомајка за молитвените чувства на Православната Црква се две нераздвојни битија.

Чудесното собитие на јавувањето на Божјата Мајка се случило во првата половина на X век, во Влахернската Богородична црква во Цариград, за време на византискиот цар Лав Мудри кој владеел од 886 – 911година. Овој храм го изградила царицата Пулхерија, жената на царот Маркијан. Подоцна царот Лав I Велики веднаш до овој храм изградил параклис во кој во 469 година ја положил ризата на Богородица, за која направил и кивот од сребро и злато, кој го нарекол „светиот гроб“. Токму во овој параклис секој петок спроти сабота се правело бдение во чест на Пресвета Богородица. Тука, покрај облеката на Богородица се чувала незината женската горна облека, која освен телото ја покрива и главата наречен омофор и дел од незиниот појас.Со оваа горна облека Богородица е претставена на секоја своја стара икона. Чествувањето на празникот Покров на Пресвета Богородица  првично се воспоставува кај Руската црква во XII век, каде што биле изградени  храмови наречени „Богородица Влахерна“,за да потоа  од Руската земја овој празник се раширил по целиот православен свет.

Преданието  за празникот се говори во житието на св. Андреј Јуродив каде се опишува самиот настан кој се случил, заради кој и се востановил празникот Покров на Пресвета Богородица. За време на бдението кое се извршувало кај кивотот во Влахернската Богородична црква во Цариград, Свети  Андреј, заедно со својот ученик Епифаниј се наоѓале во храмот. Во четвртиот час од ноќта блажениот Андреј ја видел Богородица како влегува во храмот низ царската врата која водела од нартексот во храмот, во придружба на мноштво ангели и светии. Кога дошла во близина на амвонот, св. Андреј му се обратил на  Епифаниј и му рекол: „Ја гледаш ли Госпоѓата и Царица на светот?“, а неговиот ученик му одговорил: „Да, оче духовен“. И долго време Богородица со преклонети колена се молела, облевајќи го со солзи своето лице. После тоа дошла во олтарот, каде се молела за народот кој се наоѓал во црквата. Кога ја завршила својата молитва, го извадила од себеси својот блескав како молња омофор кој го носела на својата пречиста глава, и земајќи го во своите раце го раширила над сиот народ кој се наоѓал во храмот. Долго време омофорот ги покривал верните, а потоа, откако Таа заминала, го зела него со себе, оставајќи му ја на народот благодатта.

Црковниот великодостојник кој е востановувач на празникот „Покров на Пресвета Богородица“, и автор на празничното пролошко слово, воодушевен од овој чудесен и несекојдневен настан, меѓу другото напишал: „… Посакав Пречиста  Богородица да не остане без празник Како што Ти, Семилостива, сакаш да го украсиш чесниот Твој покров, украси ги со веселба и оние кои Те прославуваат… И како што милостиво ги покри народите кои беа таму во црквата, така и нас грешните Твои слуги, покриј нѐ со покровот на Твоите крила, рушејќи ги советите и мислите на сите оние кои помислуваат зло против нас. И спаси нѐ по милоста на Твојот Син во овој и во идниот век, и сите кои со страв и вера притекнуваат кон Тебе, и оние кои на Тебе се надеваат на брза помош и застапништво…“ Овој настан кој се случил на четиринаесетти октомври, во првата половина на  десеттиот век во Влахернската Богородична црква во Цариград, Православната Христијанска Екумена го воведува како составен дел на многубројните Богородичните празници, чие име го носи новоизградениот прилепски манастир посветен на Покров на пресвета Богородица.

Манастирската црква Покров на Пресвета Богородица  е едно корабна градба. Се наоѓа на два -три километри југо-источно од Прилеп и на два-три километри од селото Волко Село,на местото викано Чалма.Почната е со градба во последната деџенија на дваесетиот век, кога е поставен камен темелник на мал параклис, од страна на  ктирот на Манастирот Добрила Мирческа, а браќата Никола и Љубе Спиркоски, како аманет од ктиторот  на 28 Мај 2002 година со осветување на камен темелникот извршена од митрополитот Петар во сослужение на  свештениците на Прилепското намесништво во присуство на многубројниот соборен народ, двајцата со секој дневна работа, со мала помош од други лица, 11 години, тула по тула , камен по камен, ѓерамида по ѓерамида, со јажина кревано, по скали на раце носено,со свои средства и дел донации, продолжуваат со градење  на новиот храм, чие негово зоографисување е започнато во 2014 година од страна на Благоја Атанасоски- историчар на уметноста, советник конзерватор, во заводо и музеј Прилеп, во Прилеп, со одобрение на неговото право-свештенство Митрополитиот Петар, целосно архитектонски изграден и  осветен    на 13.10.2018 година православната екумена  го празнува споменот на Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски, споменот на Светите маченички Гајанија, Рипсимија и останатите триесет и пет монахињи и споменот на Свети Михаил, прв митрополит Киевски, од страна  на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со свештениците на прилепското црковно намесништво во присуство на многубројниот соборски народ.  Манастирската во византиски ограда и манастирските конаци во византиски архитектонски  изглед започна да го добиваат во  2017 година.

Приквечерните  сончеви зраци милуваќи   ја месноста Чалма, пред се манастирскиот комплекс Покров на Пресвета Богородица ја навестуваа празничната атмосфера на православната екумена посветена на Свети Трифун ,а од приградските населби на градот Прилеп и од градот под марковите кули градот Прилеп како бисер гердан се зареди народ во правец на манастирот. Црковниот двор набрзо се наполни со народ.

Почитувани мои предлагам да  проследите  дел од видео записот од пригодната вечерната празнична прослава, од заслогот, вечерната богослужена литургија, од благословената вечерна трпеза,  што ја организираа членовите на манастирскиот одбор и здружението на резервни воени обврзници учесници  во вооружените дејствија во 2001 година од Прилеп, во чест на  Свети Трифун, во служение на парохискиот свештеник отец Кире.

Почитувани мои предлагам пред да го проследите видео записот од  утринската богослужба и свештеничкиот благослов на ручекот кој во чест на мајка Богородица, што ја организираа членовите на манастирскиот одбор и здружението на резервни воени обврзници учесници  во вооружените дејствија во 2001 година од Прилеп, во чест на  Свети Трифун, во служение на парохискиот свештеник отец Кире, да ви ги пренесам дел од многубројните црковни историографски записи  за православната екумена посветена за Свети Трифун на  еден од најпоннатите не само во македонски, балкански туку и во светски размери антрополози, географи  и историчари, а воедно дел од менаџерскиот тим на продукцијата Мариово Филм професорот Драгослав Миноски, што  неуморно ги  истражува  изминативе години копајќи низ  архивските оставштини од многу учени луѓе, патописци, крстареќи низ дримколскава регија во вековиве што изминале, во продолжение на оваа репортажа.

Окото на сeкој добронамерник, праќаќи го  својот поглед во  правец на хоризонтот на местото викано Чалма,како дел од Селечка Планина, не може , а да не го забележи манастирскиот комплекс Покров на пресвета Богородица, кој раскошно блескотеше под зраците на прилепското сонце.Уште изутрината како бисер гердан се зареди дога колона на разнолики возила и врвулица народ во правец на манастирот. Црковниот двор набрзо се наполни со народ.

Почитувани мои предлагам да  проследите  дел од видео записот од пригодната утринска празнична прослава, од утринската богослужена литургија, благословениот манастирски ручек,  што ја организираа членовите на манастирскиот одбор и здружението на резервни воени обврзници учесници  во вооружените дејствија во 2001 година од Прилеп, во чест на  Свети Трифун, во служение на парохискиот свештеник отец Кире, во продолжение на оваа репортажа.

Почитувани моии,  богами, мерак ми беше што  ете господ и мене ме донесе да дојдам на гости  во новоизградениот манастир посветен на Покров на Пресвета Богородица, кој се наоѓа во непосредна близина на прилепското село Воло Село , на празникот  Свети Трифун ,  да ги надополнам моите , а богами и вашите сознанија  за неговата неодамна изградба, за неговите ктитори, за неговите четири слави. Почитувани мои ги оставив соборниот народ да си го празнуваат православниот екуменски празник Свети трифун, посветен на закројувањата на лозјата., со едно ново видување, само господ на сите нам саде живот и здравје да ни дава.

 

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print